Недела, Мај 5 2024
Следете нè

Професорка од Јапонија одржа серија настани на Факултетот за образовни науки

Во изминатиот период на Факултетот за образовни науки гостинка беше проф. Јуми Такахаши од Јапонија. За време на посетата таа одржа неколку настани, а дел од нив влегоа и во редовната програма на Штипското културно лето.

Во рамките на ШКЛ, проф. Јуми Такахаши одржа предавање за Филозофијата на образованието во Јапонија.

Вториот настан се одржа на 5 јули во рамки на Летната школа при НУ „Гоце Делчев“ во Штип. Активноста произлезе од соработката на Американското катче и Факултетот за образовни науки. На овој настан беше реализирана работилница за деца на возраст од 8 до 12 години. Проф. Јуми ги запозна децата со животот и културата во Јапонија, заедно изработија неколку вида на оригами и децата научија неколку јапонски зборови и обичаи. 

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com