Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Промоција на водич „Северна Македонија: природа, екскурзии и култура“ на Алесио Ликури

Филолошкиот факултет и Факултетот за туризам и бизнис логистика организираа презентација на книга – водич „Северна Македонија: природа, екскурзии и култура“. Ова е книга на г. Алесио Ликуори, автор и поранешен заменик-амбасадор на Р. Италија во Македонија, кој одржа и гостинско предавање пред студентите на тема „Зборовите на одржливоста во водичот“.

- На студентите им советувам да ја почитуваат оваа земја и да ја промовираат во странство. Оваа моја книга е пред сѐ начин за промовирање на Македонија во Италија. Јас мислам дека има многу можности за зелен туризам во Северна Македонија и затоа ја напишав книгата. Мора Македонија подобро да се знае во странство и туристи од Италија и од Европа да доаѓаат овде за различни активности за кои нуди можности природата овде, има многу да се истражува и види. Мојот мотив да напишам ваква книга е тоа што живеев овде 4 и пол години, многу уживам во убавините на земјава и така природно се направи книгата, со искуствата што ги добив овде. Мислам дека многу луѓе во Италија не знаат дека можат да доаѓаат овде и да уживаат во убавините на Македонија – изјави Алесио Ликоури.

На презентацијата се обрати и г. Алберто Ости, италијански издавач.

Презентацијата се одржа во рамките на активностите по повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, а во знакот на Одржливоста како клучна тема на овогодишното XXIII издание на Неделата на италијанскиот јазик.