Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Од 25.8.2022 година започнува доставувањето на документи во Првиот уписен рок на УГД

Од четврток (25.8.2022 година) започнува првиот уписен рок на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Поднесувањето на документи во овој рок ќе трае до 30 август, а практично потребните документи ќе можат да ги поднесат сите кои аплицираа електронски на платформата  https://eupisi.ugd.edu.mk/.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 31 август, а запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 5, 6 и 7 септември. Сите дополнителни информации можат да се најдат во Конкурсот за запишување на студенти во прва година на Универзитет „Гоце Делчев“ во академската 2022/2023 година.

Кандидатите документите ќе можат да ги поднесат заедно со испечатената електронска апликација во некој од приемните центри во Штип, Скопје, Кавадарци, Гевгелија и во Струмица.

Годинава на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3870 слободни места, од кои 2282 за редовно студирање во државна квота, 833 во редовно студирање во квота со кофинансирање и 755 за вонредно студирање.

УГД и годинава обезбедува и стипендии за најдобро рангираните редовни студенти од сите факултети на уписите, потоа за сите запишани за редовно студирање на студиската програма Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет, како и сите запишани редовни студенти – Роми (ослободување од партиципација во првата година од студирањето). Останатите категории на студенти кои можат да добијат стипендија се прецизирани во Конкурсот