Петок, Декември 20 2024
Следете нè

Десетмина професори од УГД реализираа мултидисциплинарни предавања во рамките на Семинарот „ЕУ е-здравствено право, ИКТ и биоетика“

Во периодот од 13 до 20 октомври 2022 г. се реализираше циклус на предавања што опфаќаа различни теоретски и практични аспекти кои се однесуваат на ЕУ здравството, здравствената заштита и здравствените услуги; придобивки и предизвици од е-здравствени услуги; граѓанско-правната одговорност на здравствените работници (медицинска грешка); инженерски и медицински практики во е-здравството и етички аспекти на е-здравството. 

Диферентноста на семинарот предизвика интерес кај повеќе од сто студенти на Универзитетот и други заинтересирани слушатели кои со својата интеракција придонесоа да се збогати содржината на програмата, да се подобрат досегашните искуствата и да се зголеми свесноста за влијанието и употребата на информатичката и комуникациската технологија во здравството преку почитување на етичките стандарди и правото.

Предавачи на курсот беа: проф. д-р Дејан Маролов, доц. д-р Елена Максимова, проф. д-р Андон Мајxошев, проф. д-р Билјана Тодорова, проф. д-р Марија Амповска, проф. д-р Кристина Мишева од Правниот факултет; проф. д-р Наташа Коцеска и проф. д-р Сашо Коцески од Факултетот за информатика; проф. д-р Емилија Јаневиќ- Ивановска и  доцент д-р Јулија Заркова-Атанасова од Факултетот за медицински науки и проф. д-р Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки.  

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com