Петок, Декември 20 2024
Следете нè

Денови на симулирано судење по петти пат на Правниот факултет на УГД

На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ по петти пат се одржаа „Денови на симулирано судење“.

Деканката на Правниот факултет, Олга Кошевалиска вели 

„Учествуваат студенти од повеќе Универзитети, кои на ваков начин  имаат можност практично да се запознаат со кривичните постапки. Праксата од претходните години покажува дека ваквите симулирани судења даваат резултат, бидејќи студентите на вистински начин ги презентираат случаите. Тимовите прават симулација на предмет во кривична постапка. Оваа година учествуваат Правните факултети на државниот Универзитет Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот „Климент Охридски“- Битола и ние како домаќини. Предметите оваа година одлучивме да бидат со предмети од криминал од омраза, симулација на кривично дело насилство, оштетување на туѓи предмети, присилба“ - изјави Деканката на Правниот факултет, проф. Д-р Олга Кошевалиска.

Ректорот на УГД- Штип, проф. Д-р Дејан Мираковски истакна дека Универзитетот ги поддржува и развива ваквите настани, и  со тоа им се дава можност на студентите да научат многу повеќе и на практичен насчин. Не само денови на симулирано судење, туку и со други настани се придонесува за студентите да знаат што и зошто студираат.

-Универзитетот продолжува да ги развива ваквите настани во кои студентите имаат можност од речиси сите универзитети од државата да бидат заедно, да се дружат, но и да научат и да научат од истакнати стручнаци преку реални случаи, искуства, да добијат увид што е тоа што го студираат, рече Мираковски.

Професорот Лазар Нанев , претседател на Основниот суд во Кавадарци истакна дека  ваквите симулирани судење преставуваат алатка за студентите практично да бидат подготвени во иднина да работат и функционираат како судии, адвокати, јавни обвинители и слично.

-Симулираните судења се еден од најдобрите практични начини за едукација, но и стекнување на практични услови на студентите. И овој модел кој по петти пат се оддржува овде е навистина една одлична алатка, затоа што најдобрите студенти се оние кои ги поминале овие обуки и едукации, додаде Нанев. Настанот се реализира со поддршка на Амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ.