Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

УГД потпиша Меморандум за соработка со Адвокатската комора на Македонија

Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, денес потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Љубомир Михајловски.

Воедно претставниците од Комората и од Адвокатската заедница Штип остварија средба со претставниците од Правен факултет на УГД и ректорот на Универзитетот.

Соработката која двете организации ја договорија се однесува во делот на заедничко организирање на настани, научни истражувања, работилници и воедно практична настава за студентите на Правен факултет во Штип.