Во рамките на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“, Универзитетот „Гоце Делчев“ беше домаќин на работилници на кои учествуваа претставници од земјите партнери во проектот – Литванија, Франција и Словенија.
- По вторпат странските експерти во рамките на овој проект се кај нас на УГД. Ова е втора работилница која се одржува кај нас. Првата беше во март, кога зборувавме за внатрешна контрола на квалитет во високото образование, а денес слушаме многу интересни презентации кои се однесуваат на регистарот за квалификации, слушнавме дека Македонија веќе започнува со регистарот на квалификации и занимања кои се од исклучително значење особено за високото образование. Во рамките на овој проект се дадени доста корисни препораки кои се значајни не само за универзитетите, туку и за целокупната рамка на квалификации, која се отсликува во целост со европската рамка. Денес се зборува и за препознавање на квалификациите, затоа што многу е битно и за нашиот Универзитет и за целокупната рамка на квалификации да е препознатлива во рамките на европската рамка на квалификации. Препораките кои беа дадени од експертите треба да ги почитуваме. Особено се важни три важни сектори – министерството, агенцијата за квалитет на високото образование и сите универзитети во државата – и државни и приватни да ги почитуваат препораките, да градиме навистина квалитетни квалификации, кои во иднина ќе бидат препознаени – изјави проф. д-р Лилјана Колева-Гудева од Универзитетот „Гоце Делчев“.
Аурелија Валеикене, експерт, заменик-директор на Центарот за квалификации во високото образование од Литванија, истакна дека Националната рамка на квалификации е моќна алатка во овозможувањето на препознавање на квалификациите во насока на идниот развој и вработувањето.
- Националната рамка на квалификации има за цел да овозможи транспарентност за секој, какви квалификации има, и што луѓето со одредени квалификации можат да работат понатаму во нивната кариера. Рамката е важна и за мобилноста на луѓето во образовниот систем, но и меѓу државите. Ова е инструмент за комуникација меѓу образовниот систем за препознавање на квалификациите и употребата на нивната вредност – вредност на знаењата и вештините кои поединците ги имаат – изјави меѓу другото Аурелија Валеикене.
Александар Сладојевиќ, директор во Институтот за стручно образование и обука на Република Словенија истакна дека со реализацијата на овој проект заедно со партнерите од Литванија и Франција се работи на имплементација на рамката на квалификации од крајот на 2021 г., а проектот ќе заврши оваа година.
- Проектот има 4 компоненти, а Словенија работи конкретно на идната имплементација на Рамката на квалификации и нејзина промоција. Среќни сме што имаме можност да работиме овде и ова не е прв проект во кој учествуваме овде, веќе имплементиравме еден проект од областа на професионалните стандарди. Задоволство ни е што носиме искуства од три земји: Литванија, Франција и Словенија и мислиме дека ова искуство ќе помогне во развојот на рамката на квалификации. Сите три земји имаат одлични искуства, посебно во конекцијата, вмрежувањето на системите и платформите со системите и платформите во државите од ЕУ – изјави Александар Сладојевиќ.
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com