Вторник, Ноември 19 2024
Следете нè

Иновативна програма за менаџери и тренери во проектот „Tennis clubs for dual careers TC4DC“

Во рамките на проектот „Tennis clubs for dual careers TC4DC“, во кој УГД е вклучен како партнер, во период од 4 до 6 ноември 2022 година се одржа состанок на проектниот тим. На состанокот беше споделена едукативната иновативна програма за тренери и менаџери на спортски клубови која беше креирана во рамките на проектот, искуствата од нејзината имплементација, како и напредокот во реализацијата на останатите проектни активности.

Во рамките на состанокот, учесниците имаа можност да го посетат Спортскиот центар на градот Лаврио (Грција), познат по организацијата на стартниот настан со кој започнуваат Олимписките игри - палењето на олимпискиот оган и пренесување на олимпискиот факел до земјата домаќин. Членовите на проектниот тим, тренерите и спортските менаџери од земјите учесници во проектот се запознаа и со начинот на менаџирање на Спортскиот центар на Лаврио, соработката со локалната заедница, но и со спортските асоцијации и Олимпискиот комитет.

Во претстојниот период, во рамките на проектните активности на УГД, во план е поголем спортски настан што ќе се одржи на 19 ноември. На истиот ќе се презентираат модулите од програмата, ќе се организираат тениски натпревари, но и ќе се организира промотивен час за сите кои сакаат да се запознаат со тенисот и да ги научат основните движења.

Координатор на проектот е Тенискиот клуб „Дема“ – Софија. Партнери се  Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Спортскиот центар на Лаврио, Тениски клуб „Блуденз“ - Австрија и Тениски клуб „Политехна“ - Романија.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com