Факултетот за образовни науки при УГД на 17 ноември во 13 часот ќе реализира настан насловен „Интердисциплинарно учење базирано на игра и роботика“. Овој настан се организира во соработка со Здружението „Пријатели на образованието“, а ќе се одржи во предавална 1 на ФОН.
Здружението „Пријатели на образованието“, покрај примената на роботиката врз основа на интердисциплинарно учење базирано на игра во одделенската настава, се обидува да промовира и успешни примери од соработката помеѓу студентите од трета и четврта година од учителските факултети и факултетите од информатичките науки, кои се одвиваат во насока на имплементација на современите методолошки пристапи од модерната педагогија во процесот на креирање на квалитетни дигитални образовни игри, апликации наменети за ученици од одделенска настава, и почитувајќи ги притоа основните принципи на дидактиката.