Четврток, Декември 26 2024
Следете нè

УГД ги ослободува талентираните студенти половина од партиципацијата

Талентираните студенти на УГД кои се запишани како редовни во прв циклус на студии во студиската 2023/2024 година ќе имаат можност да бидат ослободени половина од партиципацијата која ја плаќаат.

Во Oдлуката од Универзитетскиот сенат се вели: Талентиран студент, во смисла на оваа одлука е студент кој при упис на зимски семестар ги исполнува следните услови:

  • да има минимум 40 ЕКТС;
  • да има среден (просечен) успех над 9,5.

На истата седница е донесено Одлука и за распишување интерен конкурс за избор на студенти од ранливите категории и студенти чие родителско право го врши само еден родител. И овие студенти се стекнуваат со право да плаќаат половина од износот за партиципација за прв циклус студии за студиската 2023/2024 година.