Универзитетот „Гоце Делчев“ започна со работа на проект финансиран од програмата European Education and Culture Executive Agency (EACEA) со наслов „NEWAVES – Collaborative Alliance for Radio Recovery and Boost of Community News Media in Lowdensity Territories“ или скратено NEWAVES.
Активностите започнаа од јуни оваа година и ќе се спроведуваат во наредните 24 месеци.
Освен УГД, партнери во проектот се и Институтот за политехника во Гуарда, Португалија, како водечки партнер, Универзитетот во Тренчин, Словачка, Академијата за уметност и култура во Осиек, Хрватска, како и радиостаница во Гуарда, Државната телевизија на Словачка во Братислава, Словачка, и Радио Канал 77 во Штип.
Идејата за проектот се роди од потребата за справување со предизвиците на локалните и регионални радија лоцирани во области со мала густина на население. Соочени со недостиг на финансиски средства и вести од интерес за нивната публика, радијата се соочуваат со пречки што доведува до нивно гаснење. Оваа иницијатива за соработка е партнерство помеѓу образованието и бизнисот, промовирање на заеднички развој на ресурси за промовирање на зголемувањето на дигиталните вештини на локалните и регионалните радија стремејќи се кон нивната финансиска одржливост додека се борат против дезинформациите.
NEWAVES е проект за вмрежување и за размена на најдобри практики помеѓу локалните радија, новинарите и комуникација на експерти од високообразовните институции со цел да ја зголемат одржливоста, иновативноста и креативноста во производството на квалитетна и привлечна радиопрограма. За да се постигне ова, NEWAVES вклучува обука на вработени во локалните радија, новинари, професионалци, студенти, сегашни и идни комуникациски професионалци преку физички и онлајн програми за мобилност како и програма за курсеви преку е-учење.
NEWAVES, исто така, предвидува и за креирање, ширење и промовирање на локално произведени содржини во Европа за стимулирање на поголема разновидност и конкурентност на интернет, со цел да се демонстрира богатата и разновидна култура, покрај промовирањето на социјалната вклученост и слободата на уметничко изразување. Ќе бидат изработени достапни релевантни аудио содржини за последователно создавање и употреба од страна на клиентите на платформата (радиостаници, образовни субјекти и креатори на содржини воопшто) и со оваа платформа ќе се развие протокол за анализа и валидација на содржината според техничките критериуми и критериумите за квалитет на информациите.
NEWAVES обединува не само радија за соработка преку дигиталната платформа, туку се приклучува и високото образование со што активно придонесува за висококвалитетно и доверливо радио новинарство.