Проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и проф. д-р Дарко Лазаров нови проректори на УГД

Професорката д-р Ана Никодиновска-Крстевска од Правниот факултет е новата проректорка за меѓународна соработка на Универзитет „Гоце Делчев“. Проф. д-р Дарко Лазаров е нов проректор за развој и инвестиции. 
Проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска е вонреден професор на Правниот факултет, на Катедрата за меѓународни односи и европско право.  Покрај придонесот за научниот и академски развој на единицата при Универзитетот, професорката Никодиновска-Крстевска активно работи на интернационализацијата на Универзитетот и неговото вмрежување со други универзитети и организации.
Проф. д-р Дарко Лазаров е вонреден професор на Економски факултет, на Катедрата за економија.
Покрај придонесот за научниот и академски развој на Економски факултет, професорот Лазаров  активно работи на поврзување и интензивирање на соработката на Универзитетот со бизнис секторот.

- Двајцата проректори имаат специфични задачи. Професорката Ана Никодиновска- Крстевска ќе треба да работи на подобрување на меѓународната соработка. Таа е професорка која е меѓународно добро поврзана, зборува пет јазика, мислам дека ќе може да одговори на барањата за подобро етаблирање и поврзување на Универзитетот со меѓународните организации. Ние од мај сме членки на Уни Адрион – групација на универзитети од овој регион. Другиот проректор е за развој и инвестиции. Професорот Дарко Лазаров ќе биде задолжен за подобро поврзување на Универзитетот со стопанството и трансфер на знаењата кон стопанството и општеството м- изјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.