Недела, Мај 5 2024
Следете нè

Започна вториот уписен рок на УГД, слободни 3110 места

Среда и четврток, 6 и 7 септември, се реализира пријавувањето во вториот уписен рок на  факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Вкупно има 3110 слободни места, од кои за редовни студенти во државна квота 1614, за редовни во квотата со кофинансирање 833 и за вонредни студенти 663 места.

Во вториот уписен рок слободни места нема на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, на сите останати насоки и факултети има слободни места.

Објавувањето на конечните ранг-листи по вториот уписен рок е на 13 септември, а запишувањето на примените кандидати ќе се реализира на 14 и 15 септември.

Третиот уписен рок на УГД е предвиден за 18 и 19 септември.