Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Второ предавање „Одржливост и право“ (10.10.2023)

На 10.10.2023 г. (вторник) со почеток во 16.00 часот преку Google Classrom платформата ќе се одржи предавање од циклусот предавања „Одржливост и право“, што го организира Универзитетот во Мишколц во соработка со Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Говорници на предавањето ќе бидат Нора Јакаб (Nora Jakab), професор на Универзитетот во Мишколц, и проф. д-р Билјана Тодорова, професор на Правниот факултет при УГД – Штип. Темата на предавањето ќе биде „Одржлив развој преку достојна работа на млади луѓе“. 

                Циклусот на предавања за одржлив развој во правото и политиките се состои од серија на предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет.

                Предавањата се насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска Унија, половата еднаквост, одржливи политички системи и слично.

На овој линк може да го следите предавањето.