Сабота, Април 20 2024
Следете нè

Повик за учество на туристичко-планинарски настан

Повик за учество на туристичко-планинарски настан: “Дојди на Кожуф, Запознај го Регионот со ФТБЛ” 9 јуни 2022

Факултетот за туризам и бизнис логистика со седиште во Гевгелија при Универзитот “Гоце Делчев”  - Штип во соработка со општина Гевгелија и Планинарско-спортскиот клуб “Двете уши”, организираат туристичко-планинарски настан “Дојди на Кожуф, Запознај го Регионот со ФТБЛ!”   

Планинарската тура ќе се реализира на 09 Јуни, 2022 година и во неа може да се вклучат сите заинтересирани вработени од УГД.  Тргнувањето ќе биде од Гевгелија со организиран превоз до Кожуф (Асан чешма) и назад за сите пријавени учесници.

Сите заинтересирани вработени на УГД, може да се пријават за учество на планинарската тура, најдоцна до 06.06.2022 година (17h, понеделник) на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Бројот на учесниците е ограничен.