15 години Музичка академија – еминентен музичар од Франција одржа мастер час на студентите

Антоан Симони од Франција одржа мастер час пред студентите од Музичката академија на УГД.

Симони е врвен џез музичар кој има настапувано низ целиот свет, а овојпат студентите на УГД имаа можност неколку дена да ги слушаат неговите предавања и заедно со него да музицираат.

На мастер часовите на Симони присуствуваа студенти од Џез одделот, но имаше интерес и од студенти од другите студиски програми.

Музичката академија често е домаќин на еминентни музичари од целиот свет кои го пренесуваат знаењето на студентите од УГД.