Музичката академија на УГД продолжува со концертите кои ги организира во рамките на одбележувањето на 15 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Досега беа одржани два концерти, еден на Одделот за етнокореологија и еден на Вокално-инструменталниот оддел. Третиот концерт во оваа серија е на Џез одделот на Музичката академија. Концертот ќе се одржи на отворено, на платото пред Правниот факултет (Дом на културата „Ацо Шопов“ – Штип). Ќе настапат студенти од прв и втор циклус студии, како и професори од Музичката академија.
Концертот ќе се одржи на 31 мај во 20 часот.