Музичката академија го одржа првиот Фестивал за современа музика

Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип се одржа првото издание на Фестивалот за современа музика.

На првата фестивалска вечер настап имаше реномираното камерно трио „Трио Академико“ во состав: Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано. Изведоа дела од Евазен, Кавалини, Шмит, Сен-Санс и Јанковски.

На втората фестивалска вечер настапија најдобрите студенти на Музичката академија кои се претставија со дела од различни композитори и епохи.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com