Четврток, Април 25 2024
Следете нè

Музичка академија со три концерти во рамките на Ден на пијаното

Музичката академија при УГД во соработка со ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ - Штип го организираат првото специјално издание на Ден на пијаното, кое ќе се одржи на 29 и 31 март 2023 год.
На 29 март во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет во Штип, со почеток во 17, 18 и 20 часот, ќе се одржат три пијано концерти на кои ќе настапат ученици од  ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и студенти од Музичката академија при УГД.
На 31 март во 11 часот, во Концертната сала на Музичката академија, проф. д-р Милица Шкариќ ќе одржи стручно предавање на тема „Употреба на педалите во интерпретацијата на пијано“ наменето за учениците, студентите и професорите по пијано.