Музичката академија на УГД со серија концерти се вклучува во одбележувањето на 15 години од основањето на Универзитетот. Прв во серијата беше концертот „15 години Eтнокореологија“, кој се одржа во еден автентичен амбиент во штипскиот Безистен.
- Овој концерт е првиот од низата настани кои се планирани да се реализираат во текот на оваа пролет. Веќе за следната недела ги најавуваме концертите на студентите кои изучуваат традиционални инструменти, па следуваат концертите на Вокално-инструменталниот оддел и Џез одделот. Кон крајот на април ја очекуваме и промоцијата на монографијата на нашиот еминентен професор и национален уметник на УНЕСКО, маестро Борис Трајанов. Позитивна работа во сите овие активности е тоа што во концертите ги поканивме да учествуваат не само активните студенти, туку и сите оние кои веќе завршиле на нашата академија во изминатите 15 години – вели Ангеле Михајловски од Музичката академија на УГД.
Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com
Видео