Четврток, Април 18 2024
Следете нè

Професорка од Музичката академија одржа едукативни семинари во музички училишта низ Македонија

 Проф. д-р Милица Шкариќ, од Катедрата по пијано при Музичката академија во Штип, одржа едукативни семинари низ повеќе музички училишта во државата (Скопје, Штип и Кочани).
Предавањата беа на теми „Поставување на раката кај децата почетници на пијано" и „Употребата на педалите во интерпретацијата на пијаното“.
Предавањата наидоа на одличен прием кај средношколците и учениците и се стекнаа со значајни знаење од областа. Оваа активност е во насока на зголемување на соработката на Музичката академија со музичките училишта низ државата.