Петок, Април 19 2024
Следете нè

Професорки од Музичка aкадемија одржаа предавање на престижниот универзитет во Република Чешка - The Palacky Univesity

На престижниот универзитет  The Palacky Univesity, Faculty of Education, на Катедрата за музичка педагогија предавање одржаа проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, професорки на Музичката академија при УГД - Штип.

Тема на предавањето беа македонските композитори и нивните врвни уметнички остварувања.

При посетата професорките имаа средба со проректорот за настава на Универзитетот, проф. д-р Вит Жоухар, на којашто ги утврдија идните планови и насоки за соработка меѓу двата универзитета.

Оваа институција се вбројува меѓу најстарите централноевропски универзитети, со огромна традиција, основан во 16 век, најстариот во Моравија, а втор најстар универзитет во Република Чешка, во моментов еден од најдобро рангираните во светот, според интернационалните рангирања.