Петок, Април 19 2024
Следете нè

Соработка меѓу Ликовна академија и Музеј на македонската борба - Скопје

Ликовна академија при Универзитет „Гоце Делчев“ потпиша Меморандум за соработка со НУ Музеј на македонската борба - Скопје.

Меморандумот се однесува за иницирање на нови форми на соработка преку проекти од областа на образованието, културата и културното наследство. Преку оваа соработка ќе се спроведе и промоција на заеднички проекти од заеднички интерес, преземање на нови иницијативи, преку изложби и студентски проекти, каде што се насочуваат студентите активно да учествуваат во активностите на заедничките проекти.