Сабота, Мај 4 2024
Следете нè

Студенти од Музичката академија на УГД настапија на Скопскиот џез фестивал

Студентите од Музичката академија на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со „Феимс оркестар“ настапија на отворање на 42. Skopje Jazz Festival  кој се одржа вчеравечер (четврток, 19 октомври, НОБ, 20 часот) со реномираните 𝐉𝐚𝐧 𝐁𝐚𝐧𝐠, 𝐀𝐫𝐯𝐞 𝐇𝐞𝐧𝐫𝐢𝐤𝐬𝐞𝐧, 𝐈𝐧𝐠𝐚𝐫 𝐙𝐚𝐜𝐡, 𝐃𝐳𝐢𝐣𝐚𝐧 𝐄𝐦𝐢𝐧, 𝐅𝐚𝐦𝐞'𝐬 𝐈𝐧𝐬𝐭𝐢𝐭𝐮𝐭𝐞 𝐎𝐫𝐜𝐡𝐞𝐬𝐭𝐫𝐚.

 

Јан Банг е реномиран норвешки музичар, композитор, продуцент и професор, како и уметнички директор на познатиот Punkt Festival. Тој е еден од најуспешните и највлијателните продуценти во Норвешка и своевиден музички иноватор. Арве Хенриксен е веројатно најсестраниот норвешки музичар од неговата генерација, познат по извонредно уникатниот и индивидуален звук на трубата. Тој е, во исто време, еден од најелоквентните соработници во современата музика, кој има работено со огромен број светски музичари.