Студенти на Музичката академија на концертот „Symphony of Diversity"

Како дел од интернационалниот Еразмус+ проект #POMEM студенти од Музичката академија учествуваа на заеднички концерт.  Проектот ги сплоти младите низ Европа преку моќта на музиката и направи кохезија помеѓу младите умови преку хармонијата на нотите.

Учествуваа млади од Италија, Португалија, Германија, Турција, Чешка и Македонија.

За концертот во Штип настапија ученици, студенти  и други изведувачи од: ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ - Штип, „Илија Николовски Луј“ - Скопје, Државно музичко училиште – БитолаМузичка академија при УГД - ШТИП.

Концертот се одржа на 12.10.2023 г., со почеток во 19:30 часот, во „Безистен“ – Штип.