Универзитетскиот спортски и културен центар при УГД – Штип во соработка со Училиштето за аргентинско танго „Ел Манисеро“ ве покануваат да се запознаете и забавувате со аргентинско танго секојa среда од 18 часот на кампусот на Правен факултет.
Танцувањето е одлична активност за одржување и унапредување на личната благосостојба, а културата на социјалното танго овозможува истото да биде продлабочено на неколку нивоа преку дружење заемна размена.
Ве покануваме на средба каде што ќе ги научите првите чекори, ќе слушаме автентична танго музика, ќе се дружиме и забавуваме. Целта е да се збогати културно-забавниот живот и постепено да се создаде танго заедница од која ќе имаат придобивки сите вклучени.
- Со танго се занимавам 10 години и слободно можам да кажам дека ќе ми беше жал доколку не дознаев и искусив што сѐ нуди и овозможува тангото – како за рекреативци, така и за оние кои сакаат да посветат дел од своето секојдневие на овој танц. А има за сите, за секој вкус по нешто интересно.
Љубовта која произлезе од мојата интеракција со тангото ми е мотив да сакам да го споделувам сето искуство и придобивките кои произлегуваат од танцувањето танго и во нов град – а каде на друго место ако не во Штип - вели инструкторот по танго, Ѓоко Вешоски.
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов ЛИНК.