Недела, Декември 22 2024
Следете нè

Технолошко-техничкиот факултет одржа детска модна ревија

Технолошко-техничкиот факултет (ТТФ) при УГД неодамна одржа детски моден перформанс на кој беа прикажани 20 модели на детска машка и женска облека. Сите модели беа дизајнирани и изработени од страна на студентите на Технолошко-техничкиот факултет под менторство на проф. д-р Сања Ристески.

Настанот беше во соработка со НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, каде и се одржа настанот, како презентација на завршни активности на проектот: „Мода меѓу редови-класици“ – проект одобрен и финансиран од Министерството за култура.

Преку еден бајковит и несекојдневен моден приказ, студентите инспирирани од овие „тешки“ дела кои кај себе кријат мрачни и тешки вистини кои оставаат длабока трага долго откако ќе ги затвориме последните страници, дела кои ни нудат нови животни лекции, ни отвораат нови видици, нови светови, успеаја умешно да спојат две димензии, две природи, две галаксии....Едната помалку тажна, а другата полна со оптимизам, ведрина и љубов кон животот.  Возвишената изведба на децата од ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, кои „преточени" во ликовите од светските класици на настанот му дадоа магична нота, но ни открија и една голема вистина дека животот е сепак убав и нашата приказна можеби и не е онаа најтажната. Пораката која тие заедно со студентите ја испратија до публиката е:  Да знаеш, да мислиш, да сонуваш. Соништата создаваат иднина!, вели проф. д-р Сања Ристески.

На самиот настан беше претставена и изложба на дела изработени од студентите на ТТФ под менторство на професорскиот кадар од ТТФ, каде како ментори покрај проф. Ристески се вклучија и доц. д-р Сашка Голомеова-Лонгурова и доц. д-р Силвана Жежова.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com