Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Академија за анализа и обработка на податоци

ШТО Е АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ (DATA SCIENCE) И ЗОШТО ДА ПОЧНАМ КАРИЕРА ВО ОВАА ОБЛАСТ?

Работата и успехот на секој бизнис се незамисливи без анализа на податоци. Поради тоа, дата аналитичарот, како нова професија во ерата на дигитализацијата, станува една од најбараните и најплатените професии.

Според Glassdoor, просечната плата на дата аналитичар во САД во 2022 година била $63,865; во Германија, Шведска и Ирска €84,239, €75,531 и €76,791; соодветно. Побарувачката и платите на овој профил вработени растат и кај нас, во Македонија.

Покрај високата побарувачка и платената работа, аналитичарите на податоци често имаат и високи менаџерски позиции во компаниите. Многу аналитичари на податоци, исто така, уживаат во можноста да работат од далечина и лесно да се преселуваат, дури и на меѓународно ниво.

Академијата за анализа и обработка на податоци, преку стекнување конкурентни вештини, ќе ви помогне да ја зголемите вашата конкурентност на пазарот на труд и/или профитабилноста и ефикасноста на вашиот бизнис.

АКАДЕМИЈАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

  • Секој со желба или потреба за доквалификација или преквалификација во дадената област;
  • Вработени со желба да напредуваат на повисоки позиции во компанијата;
  • Сопственици на бизнис кои сакаат да носат информирани одлуки за работењето на компанијата;
  • Индивидуи со желба за сопствен бизнис и потреба од вештини за детална анализа на пазар;
  • Студенти со желба за дополнителни вештини за брзо интегрирање на пазарот на трудот во земјава или во странство;
  • Студенти запишани на втор и трет циклус студии, со амбиција да изготват квалитетен магистерски или докторски труд.

Напомена: Не се потребни претходни предзнаења за следење на часовите.

АЛАТКИ И СОФТВЕРИ КОИ ЌЕ ГИ КОРИСТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА АКАДЕМИЈАТА

  • Microsoft Excel
  • PSPP
  • Е-views
  • Python
  • Power BI
  • Google Data Studio.

АКАДЕМИЈАТА ЗА АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ СЕ СОСТОИ ОД СЛЕДНИВЕ СЕДУМ МОДУЛИ

МОДУЛ 1 - СТАТИСТИКА ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ И БИЗНИС АНАЛИЗА

Опис на модулот

Доколку сакате да работите како дата аналитичар мора да имате познавања од областа на статистиката.

Без статистика не може да постои и опстои ниту еден бизнис. Компаниите ги собираат и обработуваат податоците со помош на статистиката, а  потоа врз основа на тие податоци одлучуваат дали да направат промени во своите деловни стратегии и политики.

Овој модул е наменет да ви помогне да разберете и научите како да ги користите податоците за да носите исправни деловни одлуки, но и да предвидите идни веројатни случувања, користејќи податоци. Исто така, овој модул е основа за останатите модули во рамките на анализа и обработка на податоци.

Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот

  • Да ги разберете основите на статистиката;
  • Да научите како да работите со различни типови на податоци и како истите визуелно да ги претставувате;
  • Да ги пресметувате мерките за централна тенденција, асиметрија и варијабилност;
  • Да пресметувате корелацијата и коваријансата на податоците;
  • Да работите со различни видови дистрибуции;
  • Да ги процените интервалите на доверба;
  • Да тестирате хипотези;
  • Да правите дескриптивна анализа на податоци;
  • Да научите како да донесете подобри одлуки базирани на веројатноста;
  • Да ги поткрепите вашите деловни идеи со квантитативни докази и да носите исправни деловни одлуки;
  • Да направите поточно предвидување на иднината.

 

МОДУЛ 2 - ЕКСЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ

Опис на модулот

Microsoft Excel e една од најкористените и најпопуларните софтверски апликации за управување со податоци, што ви овозможува да правите пресметки, да ги анализирате и визуелизирате вашите податоци.

Во рамките на овој модул ќе научите како да ги користите податоците со кои располагате, за да носите правилни заклучоци и деловни одлуки.

Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот

  • Основните функционалности на Ексел програмата;
  • Како да сортирате, филтрирате и форматирате податоци;
  • Да работите со функции и формули;
  • Да работите со табели и графикони;
  • Да правите напредна организација на податоци (сортирање и напредно филтрирање на податоци; пресметка на меѓузбирови; валидација на податоци; детекција и означување на невалидни и дупли податоци);
  • Да работите со Пивот табели, со помош на кои ќе можете да извршувате најразлични видови на анализи, како компаративна анализа, тренд анализа, ранг анализа, анализа на контрибуција, корелациска анализа, анализа на варијанса, анализа на фреквенција, Парето анализа;
  • Да правите напредна анализа на податоци со помош на „Што ако“ анализата (What if analysis) (Scenario Manager, Goal Seek и Data Table), да ја користите алатката Excel Solver, да ги користите функциите: LOOKUP, ROUND, SUMPRODUCT, SUMIF/S, COUNTIF/S  AVERAGEIF/S;
  • Да правите напредно форматирање на податоци;
  • Да правите статистичка анализа на податоци (дескриптивна и корелациска анализа на податоци и да ги толкувате резултатите).

 

МОДУЛ 3 - ЕКОНОМЕТРИСКА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ СО E-VIEWS

Опис на модулот

Овој модул има за цел да ве научи на вештини за квантитативно моделирање преку дескриптивна статистика, техники на корелација, регресија, економетриско моделирање и анализа во Eviews. Е- views е бесплатен софтвер за економетриско моделирање и анализа на податоци, со помош на кој може брзо и ефикасно да креирате статистички и равенки за предвидување.

По завршување на овој модул ќе бидете оспособени да правите проценки, предвидувања, симулации, графикони, статистички анализи и да управувате со податоци со помош на EViews.

Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот

  • Дескриптивна статистика во е-views;
  • Техники на корелација;
  • Регресиона анализа;
  • Временски серии;
  • ARMA модели;
  • Техники на автокорелација;
  • VAR модели;
  • Тестирање на стационарност;
  • Тестирање на коинтеграција;
  • ARCH модели.

 

МОДУЛ 4 - АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ СО PSPP СОФТВЕР

Опис на модулот

Овој модул има за цел да ве научи да правите статистичката анализа на податоци со помош на PSPP програмата. PSPP e бесплатен софтвер кој ги има најголем дел од функционалностите на SPSS програмата, како една од најчесто користените на пазарот.

Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот

  • Да правите дескриптивна статистичка анализа на податоци, да ги интерпретирате резултатите и да правите соодветна графичка презентација на добиените резултати;
  • Да научите како врз основа на базата на податоци со кои располагате да тестирате хипотези;
  • Да развиете способност за категоризација на податоците по видови и избор на најадекватен метод за статистичка анализа;
  • Да наоѓате одговори на голем број истражувачки прашања со примена на статистички тестови.

 

МОДУЛ 5 - ПРОГРАМИРАЊЕ ВО PYTHON ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИ

Опис на модулот

Python е еден од најкористените програмски јазици со кој можат да се анализираат и визуелизираат податоците побрзо од кога било, за да се препознаат шеми, да се забележат можности и да се намали ризикот во работењето на деловните субјекти.

Економистите и оние кои се занимаваат со анализа на податоци често го користат Python за да ги направат своите пресметки и предвидувања. Со Python можете лесно да ја интегрирате работата на економистите и дата аналитичарите во едно решение/платформа. Едноставноста и флексибилноста на Python го освоија целиот финансиски сектор.

Целта на овој модул е да ве научи да програмирате во Python, да го користите овој софтвер за анализа на големи бази на податоци и временски серии, но и да правите бројни финансиски пресметки, анализи и предвидувања.

Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот

  • Да програмирате во Python;
  • Да кодирате во Jupiter Notebooks;
  • Да креирате променливи;
  • Да ги распознавате видовите податоци во Python;
  • Да креирате циклус While и for;
  • Да инсталирате пакети во Python;
  • Да го разберете Законот за големи броеви;
  • Да правите анализа на временски серии;
  • Да правите финансиска анализа во Python;
  • Стапка на поврат;
  • Стапка на принос на портфоло;
  • Проценка на ризик;
  • Диверзификација на портфолио;
  • Пресметка на корелација и коваријанса на портфолио;
  • Регресиона анализа;
  • Алфа и бета коефициенти;
  • Монте Карло симулации;
  • Markowitz Efficient frontier калкулации;
  • Capital asset pricing model.

 

МОДУЛ  6 И 7 - POWER BI И GOOGLE DATA

Опис на модулот

Целта на овие модули е да се запознаете со двете најпопуларни алатки за бизнис интелигенција. Да научите како да ги користите Power BI и Google Data за извештаи и анализи на податоци, како и да носите квалитетни бизнис одлуки за успех во работењето.

Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот

  • Power BI & Data Studio целини;
  • Вовед и концепт на алатките;
  • Извори, пребарување и трансформација на податоци;
  • Визуелизација;
  • Основни и комплексни извештаи.

Број на часови по модули

КЛУЧНИ КОРИСНОСТИ СО КОИ ЌЕ СЕ СТЕКНЕТЕ

  • Развој на аналитичко размислување;
  • Совладани поголем број актуелни алатки и софтвери за анализа на податоци;
  • Унапредени вештини за анализа и носење на одлуки врз база на информации;
  • Зголемена конкурентност на пазарот на трудот како резултат на високо побарувани вештини за анализа на податоци;
  • Материјали за понатамошна употреба во работата;
  • Пристап до софтвери за понатамошна употреба во работата;
  • Диплома од акредитирана државна институција признаена на меѓународно ниво.

 

ТРАЕЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКАДЕМИЈАТА

  • Академијата почнува во март и трае 4 месеци, со темпо на средби двапати неделно, по 4 часа, во попладневни термини од 00 до 20.00 часот.
  • Академијата ќе може да се следи со физичко присуство или онлајн – по избор на учесникот, со можност за избор во секој последователен термин од модулите. Притоа, наставата ќе се одвива хибридно, т.е. едновремено и за учесниците со физичко присуство и со онлајн присуство.
  • Место на физичко одржување на часовите се просториите надисперзираните студии на УГД во Скопје.
  • Адреса: Универзитет „Гоце Делчев“, бул. „Александар Македонски“ („Едвард Кардељ“) бр. 24 Скопје, нас. Автокоманда. На мапа: https://maps.google.com/maps?saddr=41.9964981079,21.4314002991&daddr=42.0023964291,21.4734129482
  • По секој модул следи испит.
  • Максимален број на учесници е 10.
  • Предавачите се универзитетски професори и докажани експерти од пракса. 


ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ И
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • 2000 евра (123.000 денари).
  • Можност за плаќање до 6 месечни рати (20.500 денари по рата), при што првата рата се уплаќа пред почетокот, а последната пред завршување на последниот месец од Академијата.
  • Без целосна уплата на средствата не е можно да се добие сертификат од Академијата.
  • Секој учесник ќе потпише Договор за посета на Академијата.

Уплата за академијата се врши на сметка на Центарот за економски истражувања и анализи со следниве податоци:

  • Трансакциска сметка 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник: 160016033078822
  • Приходно конто: 723219
  • Програма: 44
  • Цел на дознака: АКАДЕМИЈА ЗА АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ  
  • Образец ПП50


ЗА ПОПУСТ СЕ КВАЛИФИКУВАТЕ ПО СЛЕДНИВЕ ОСНОВИ

  • 20% попуст кога се пријавени повеќе од лице од иста фирма или семејство, при што, секој учесник го добива попустот;
  • 30% попуст за студенти на УГД;
  • 40% попуст на втората обука, за пријавени учесници на двете академии едновремено (Академија за анализа и обработка на податоци и Академија за финансиски аналитичар).

Линк за повеќе информации за втората академија: https://life.ugd.edu.mk/index.php/konkursi/akademija-finansiski-analiticar


ГРАТИС УСЛУГА

Сите учесници на која било од академиите добиваат право БЕСПЛАТНО да одберат и слушаат еден модул од другата Академија за финансиски аналитичар.

Линк до информации од алтернативната академија: https://life.ugd.edu.mk/index.php/konkursi/akademija-finansiski-analiticar


ПРИЈАВА ЗА АКАДЕМИЈАТА

Пријавувањето за Академијата е во тек и трае до 24.2.2023 год, а за истата може да се пријавите на следниов линк: https://forms.gle/YPGn9W38YcVkMVKm7

Бројот на места е ограничен на најмногу 10 учесници. При зголемен интерес ќе се примени принципот на „прв дојден, прв услужен“.


ОРГАНИЗАТОР И ПРЕДАВАЧИ

Организатор на  академијата е Центар за економски анализи, истражувања и обуки – Економски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Центарот издава државно акредитирани сертификати и дипломи, признаени во државата и на меѓународно ниво.

Предавачите на академијата се претставници од академската фела, со долгогодишно искуство во образование, едукација, обучување и менторирање, како и гости предавачи од приватниот сектор со значајни деловни успеси, постигнати со користење на знаењето и вештините кои ќе бидат изучувани во рамки на Академијата.


Весна Георгиева-Свртинов е професор и продекан за меѓународна соработка и наука на Економски факултет при УГД. Во текот на својата работна кариера има издадено голем број научноистражувачки и стручни трудови, универзитетски учебници и монографии од областа на финансиите. Раководител е и учесник во реализација на повеќе научноистражувачки и стручно-апликативни домашни и меѓународни проекти. Има одржано бројни обуки од областа на сметководството, финансиите и анализа и обработка на податоци. Поседува овластен сертификат за финансиски аналитичар. Дополнителна спецификација за анализа и обука на податоци  има стекнато на Универзитетот Утрехт во Холандија.


Оливера Ѓоргиева-Трајковска е редовен професор и декан на Економски факултет при УГД. Работи во областа сметководство и финансии. Има издадено голем број научни и стручни трудови од областа на сметководството, финансиите и финансиската анализа. Има учествувано на голем број домашни и меѓународни конференции и симпозиуми, како и во реализација на повеќе домашни и меѓународни проекти. Поседува лиценца за вешто лице од областа на сметководственото, материјално и финансиско работење; лиценца за овластен сметководител и лиценца за овластен проценител на капитал на трговски друштва, јавни претпријатија и други субјекти.


Емилија Митева-Кацарски
е вонреден професор и продекан за настава на Економски факултет при УГД. Работи во областа меѓународна економија. Нејзиниот научноистражувачки опус се состои од голем број трудови, како автор и коавтор од областа на меѓународната економија, како и учество во научни и стручни проекти и бројни домашни и меѓународни конференции. Поседува сертификат за национален ЦЕФЕ обучувач, како и меѓународни сертификати за успешно завршени обуки од областа на меѓународната трговија и меѓународниот бизнис.

На Академијата, во работа со учесниците, во одредени модули, ќе се вклучат и гости предавачи од академската фела и приватниот сектор.


Влатко Пачешковски e професор на Економски факултет при УГД. Меѓу другите, го предава и предметот Статистика и анализа на податоци. Изведува обуки и истражувачки активности во областа на анализа на податоци за меѓународен економски развој, добиени преку HDI, FQLI и други. Автор е на бројни учебни помагала, трудови и публикации. 

 

Повеќе информации за академијата, на следниот контакт

Проф. д-р Весна Георгиева – Свртинов

Тел. 071859614

Е-пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.