ШТО Е ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР И ЗОШТО ДА ПОЧНАМ КАРИЕРА ВО ОВАА ОБЛАСТ?
Во индустријата за финансиски услуги, една од најпосакуваните кариери е онаа на финансискиот аналитичар.
Професијата финансиски аналитичар е една од најплатените и најпобаруваните работни места на пазарот на труд. Според Бирото за статистика на трудот на САД (BLS), просечната плата за финансиски аналитичар е 81.410 долари годишно, а се очекува да се зголеми во годините што следат. Финансиките аналитичари се високо побаруван кадар, како во светот, така и кај нас.
Финансиските аналитичари се одговорни за анализа на финансиските извештаи, за утврдување на финансиската состојба, воочување колку таа состојба отстапува од планираната, како и за предвидување на идните перформанси на компанијата. Тие се професионалци кои ги анализираат финансиските податоци за бизнисот како и севкупните микро и макроекономски услови во кои бизнисот работи, со цел да им помогнат на организациите да ги донесат своите финансиски и деловни одлуки, како и да направат паметни инвестиции врз основа на внимателна, длабинска анализа на бизнисот, пазарот и економските трендови.
Оттука, процесите на планирање, контрола, организација, носење деловни одлуки, не се возможни без примена на финансиската анализа. Токму затоа, финансиските аналитичари имаат голема важност за успешноста на работењето на секоја компанија.
АКАДЕМИЈАТА Е НАМЕНЕТА ЗА
- За менаџери и сопственици на компании
- Претприемачи
- За сите оние кои планираат да градат или да напредуваат во кариера во областа на сметководството, финансиите и менаџментот.
- Индивидуи со желба за сопствен бизнис и потреба од вештини за финансиска анализа и успешно финансико менаџирање на бизнисот
- Студенти со желба за дополнителни вештини за брзо интегрирање на пазарот на трудот во земјата или странство.
Напомена: Не се потребни претходни предзнаења за следење на часовите.
АЛАТКИ И СОФТВЕРИ КОИ ЌЕ ГИ КОРИСТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА АКАДЕМИЈАТА
- Microsoft Excel
- Gnu Cash
АКАДЕМИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР СЕ СОСТОИ ОД СЕДУМ МОДУЛИ
МОДУЛ 1 – ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА ВО EXCEL
Опис на модулот
Microsoft Excel е една од најкористените софтверски апликации во светот, која се користи за вршење пресметки, изработка на извештаи, подготвување на финансиски стратегии, графичка презентација и анализа на податоци. Поради тоа, Excel стана составен дел на најголем дел бизнис организации ширум светот.
За Вас, како иден финансиски аналитичар, извршувањето на работните задачи во доменот на финансиската анализа ќе биде полесно, побрзо, но и поефикасно доколку ги знаете функционалностите на Excel програмата.
Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот
- Основните функционалности на Excel програмата
- Како да сортирате, филтрирате и форматирате податоци
- Да работите со функции и формули
- Да работите со табели и графикони
- Да научите како да правите напредна организација на податоците (сортирање и напредно филтрирање на податоци; пресметка на меѓузбирови; валидација на податоци; детекција и означување на невалидни и дупли податоци )
- Да работите со Пивот табели со помош на кои ќе можете да извршувате најразлични видови на анализи, како: компаративна анализа, тренд анализа, ранг анализа, анализа на контрибуција, корелациона анализа, анализа на варијанса, анализа на фрекфенција, Парето анализа
- Да правите напредна анализа на податоци со помош на Што ако (What if) анализата (Scenario Manager, Goal Seek и Data Table), да ја користите алатката Excel Solver, да ги користите функциите: LOOKUP, ROUND, SUMPRODUCT , SUMIF/S, COUNTIF/S AVERAGEIF/S;
- Да правите напредно форматирање на податоци
- Да правите статистичка анализа на податоци (дескриптивна и корелациска анализа на податоци и да ги толкувате резултатите)
- Да научите како да ги изработите основните финансиски извештаи во Excel
МОДУЛ 2 – КОМПЈУТЕРСКО ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО
Опис на модулот
Финансиското сметководство има клучна улога во секој бизнис, бидејќи овозможува следење на сите сите финансиски трансакции, што им овозможува на менаџерите на компанијата, но и на надворешните инвеститори и аналитичари да добијат претстава за финансиското здравје на компанијата и да донесат правилни деловни одлуки.
За да се биде добар финансиски аналитичар неопходно е да се има знаење од областа на финансиското сметководство.
Овој модул опфаќа содржинска обука за финансиско сметководство и техничка обука за компјутерско водење на сметководство.
Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот
- Да ги разберете сметководствените принципи
- Да научите како се книжат: набавката и обврските, продажбата и залихите, амортизацијата, капиталот, временските разграничувања, финансиските вложувања
- Да изготвувате квалитетни финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови).
МОДУЛ 3 - АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
Опис на модулот
Секоја компанија има за цел да оствари профит и да биде успешна. Успехот пак, зависи од носењето на вистински деловни одлуки во вистинско време. Оттука, се поставува прашањето како да знаеме кои одлуки се вистински и какви чекори треба да се направат. До одговор на овие прашања се стигнува преку детална анализа на финансиските извештаи.
Модулот Анализа на финансиски извештаи ќе ви овозможи да научите да ги читате, анализирате и интерпретирате податоците кои ги содржат финансиските извештаи.
Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот
- Да ја разберете содржината и структурата на финансиските извештаи
- Да ги совладате техниките за хоризонтална и вертикална анализа на финансиските извештаи
- Да го совладате начинот на пресметка на финансиските индикатори на работењето и да ги толкувате нивните вредности
- Да научите да ги оценувате ликвидноста, деловната ефикасност, профитабилноста, задолженоста и пазарна вредност на компаниите
- Да правите визуелизација на финансиски параметри
- Да изведувате заклучоци од финансиската анализа, кои водат кон носење на клучни и исправни деловни одлуки.
МОДУЛ 4 - ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ И ПРЕДВИДУВАЊЕ
Опис на модулот
Финансиското планирање овозможува компанијата да ги процени, креира и имплементира организациските цели. Тоа е критичен дел од секој бизнис, бидејќи им овозможува на компаниите да постават реални цели и ефикасно да ги распределуваат ресурсите во насока на остварување на тие цели.
Финансиско моделирање е процес на креирање модел кој ги претставува економските перформанси на компанијата. Финансиските модели може да се користат за предвидување на идните приходи и расходи, како и за проценка на влијанието на различни настани врз финансиското здравје на компанијата. Менаџерите со помош на финансиско моделирање истражуваат различни сценарија и прават различни потенцијални финансиски стратегии.
Во рамките на овој модул ќе научите како врз основа на споредба на планираното и реализираното да се изврши контрола на работењето и да се утврдат мерки за негово унапредување. Исто така ќе научите како можете да ја зголемите профитабилноста и ефикасноста на вашиот бизнис и да ја намалите изложеноста на ризик од неизвесноста во економското окружување или да ја зголемите вашата конкуренстка предност на пазарот на труд.
Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот
- Да го разберете процесот на финансиско планирање и моделирање
- Да креирате модел за финансиска прогноза во Excel
- Да изградите модел за финансиско известување во Excel
- Да направите модел за донесување финансиски одлуки во Excel
- Да направите финансиска прогноза со помош на методите: Moving Average, Exponential Smoothing и линеарна регресија
- Да изработите проформи на: биланс на успех, биланс на состојба и извештај на парични текови
МОДУЛ 5 - УПРАВУВАЊЕ СО ОБРТЕН КАПИТАЛ
Опис на модулот
Управувањето со обртниот капитал е процес преку кој компанијата ги користи своите тековни средства и обврски на најдобар можен начин за да обезбеди оперативна ефективност. Управувањето со обртниот капитал се однесува на управување со: паричните средства, побарувањата од купувачите, обврските кон добавувачите и залихите.
Овој модул има за цел да ве научи како да го утврдите оптималниот износ на тековни средства и тековни обврски, со цел да се минимизираат трошоците, а без притоа да се наруши квалитетот и континуитетот на работењето.
Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот
- Да ја пресметате количината на набавката која носи најниски трошоци на залихи
- Да го пресметате минималното ниво на залихи потребно за непречено работење на компанијата
- Да одлучите дали треба да направите промена во кредитната политика на купувачите
- Да одлучите дали е исплатливо да ги прифатите промените во кредитната политика кои ви ги нудат добавувачите
- Да користите техники за управување со парични средства
- Да изработувате план за готовински текови
МОДУЛ 6 - КАПИТАЛНО БУЏЕТИРАЊЕ/ОЦЕНКА НА ИСПЛАТЛИВОСТ НА ИНВЕСТИЦИИ
Опис на модулот
Основна цел на секое инвестирање на капитал е остварување на принос, т.е. враќање на вложените средства со определен прираст. Оценката на исплатливоста на инвестиците е процес на анализирање на сите можни инвестиции и избор која од алтернативите треба да се преземе. Оценката на инвестициите опфаќа пресметка на профитот кој ќе се оствари од секоја инвестиција, пресметка на идните парични приливи и нивната сегашна вредност, бројот на години за кои ќе се врати почетната инвестиција, проценка на ризикот и други фактори.
Во рамките на овој модул ќе може да согледате зошто бизнисите не можат да ги преземат сите инвестициони проекти и можности кои ја зголемувааат вредноста на сопствениците на капиталот. Имено, поради ограничениот капитал, менаџерите ги користат техниките на капиталното буџетирање, со цел да утврдат кои проекти треба да ги преземат во одреден временски период.
Со оглед на тоа што секоја компанија може да управува со ограничен број инвестициони проеки во исто време, по завршување на овој модул ќе бидете во состојба со помош на техниките на капиталното буџетирање, да изберете инвестиција со која профитот на компанијата би бил максимален, при прифатливо ниво на ризик.
Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот
- Да одлучувате дали инвестициониот проект кој сака да го преземе компанијата е оправдан од финансиска перспектива
- Да споредувате различни можности за инвестирање
- Да ги совладате методите кои се користат за носење на одлука кои инвестиции да бидат прифатени, а кои отфрлени:
- Нето сегашна вредност (Net income value-NPV)
- Интерна стапка на рентабилност (Internal rate of return IRR)
- Период на враќање (Payback Period)
- Дисконтиран период на враќање(Discount Payback Period)
- Индекс на профитабилност (Profitability Index PI)
- Сметководствена стапка на принос (Accounting rate of Return AAR)
- Да ја оцените трошковната ефикасност на инвестициите
- Да ја одредувате минималната стапка на поврат која бизнисите ја користат како репер за да одлучат дали треба да инвестираат во одреден проект
МОДУЛ 7 - ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН
Опис на модулот
Бизнис планот е патоказ, кој ќе ви го покаже најблискиот пат за да ја остварите вашата бизнис идеја, замисла.
Изработката на бизнис план, без оглед дали се работи за започнување на нов бизнис или за проширување на постоечкиот, ќе покаже дали ваквата инвестиција е исплатлива, т.е. дали треба да се преземе тој бизнис потфат или не.
Начинот на кој се изработува бизнис планот, што тој содржи и какви информации може да се добијат од него во насока на носење на соодветни одлуки, е многу важен деловен аспект, за да се заокружи професијата на финансиски аналитичар.
Во рамките на овој модул ќе научите од кои делови се состои бизнис планот и како правилно да ги пополните или толкувате овие делови; како да изработите маркетинг план и како да го толкувате; како да изработите финансиски план и како да го толкувате.
Очекувани резултати - што ќе научите по завршување на модулот
- Доколку работите во банка, ќе можете да ги оценувате бизнис плановите на вашите клиенти за да утврдите дали и под кои услови треба да им одобрите кредит.
- Доколку сте инвеститор, ќе можете да оцените дали треба да инвестирате во конкретниот бизнис, врз основа на анализа на неговиот бизнис план.
- Доколку работите во фирма во секторот инвестиции, ќе бидете во можност на барање на менаџерите или директорите да оцените дали е исплатливо да се направат одредени вложувања или експанзија на бизнисот.
- Доколку планирате да основате сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот, ќе можете да оцените дали вреди да се инвестира и да се започне со ваков инвестиционен проект или пак станува збор за неисплатлива инвестиција.
- Доколку работите како сметководител или нудите консалтинг услуги, по завршување на модулот ќе може да понудите нова услуга на Вашите клиенти – Изработка на бизнис план за нивниот бизнис
Број на часови по модули
КЛУЧНИ КОРИСНОСТИ СО КОИ ЌЕ СЕ СТЕКНЕТЕ
- Развој на аналитичко размислување
- Совладани поголем број актуелни алатки и софтвери за финасиска анализа
- Унапредени вештини за анализа и носење на одлуки на база на финансиски информации
- Зголемена конкурентност на пазарот на трудот како резултат на високо побарувани вештини за финансиска анализа
- Материјали за понатамошна употреба во работата
- Пристап до софтвери за понатамошна употреба во работата
- Диплома од акредитирана државна институција призната на меѓународно ниво
ТРАЕЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКАДЕМИЈАТА
- Академијата почнува во месец март и трае 4 месеци, со темпо на сретнување двапати неделно, по 4 часа, во попладневни термини од 00 до 20.00 часот.
- Академијата ќе може да се следи со физичко присуство или онлајн – по избор на самиот учесник/чка, со можност за избор во секој последователен термин од модулите. Притоа, наставата ќе се одвива хибридно, т.е. едновремено и за учесниците со физичко присуство и со онлајн присуство.
- Место на физичко одржување на часовите се просториите на дисперзираните студии на УГД во Скопје.
- Адреса: Универзитет Гоце Делчев, бул.Александар Македонски (Едвард Кардељ) 24 Скопје, нас. Автокоманда.
На мапа: https://maps.google.com/maps?saddr=41.9964981079,21.4314002991&daddr=42.0023964291,21.4734129482 - По секој модул следи испит.
- Максимален број на учесници на академијата е 10.
- Предавачите се универзитетски професори и докажани експерти од пракса.
ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- 2000 евра (123.000 денари)
- Можност за плаќање до 6 месечни рати (20.500 денари по рата), при што првата рата се уплаќа пред почеток на академијата, а последната пред завршување на последниот месец од академијата.
- Без целосна уплата на средствата не е можно се добие сертификат од академијата.
- Секој учесник ќе потпише договор за посета на академијата,
Уплата за академијата се врши на сметка на Центарот за економски истражувања и анализи со следниве податоци:
- Трансакциска сметка 100000000063095
- Сметка на буџетски корисник: 160016033078822
- Приходно конто: 723219
- Програма: 44
- Цел на дознака: АКАДЕМИЈА ЗА ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
- Образец ПП50
ЗА ПОПУСТ СЕ КВАЛИФИКУВАТЕ ПО СЛЕДНИТЕ ОСНОВИ
- 20% попуст за пријавени повеќе од еден човек од иста фирма или семејство, при што, секој учесник го добива попустот
- 30% попуст за студенти на УГД
- 40% попуст на втората обука, за пријавени учесници на двете академии едновремено (Академија за анализа и обработка на податоци и Академија за финансиски аналитичар).
Линк за повеќе информации за втората академија: https://life.ugd.edu.mk/index.php/konkursi/akademija-analiza-obrabotka-na-podatoci
ГРАТИС УСЛУГА
Сите учесници на било која од академиите, добиваат право БЕСПЛАТНО да одберат и слушаат еден модул од другата Академија за анализа и обработка на податоци.
Линк до информации за алтернативната академија: https://life.ugd.edu.mk/index.php/konkursi/akademija-analiza-obrabotka-na-podatoci
ПРИЈАВА ЗА ОБУКАТА
Пријавувањето за академијата е во тек и трае до 24.02.2023 год, а за истата може да се пријавите на следниот линк: https://forms.gle/zqtCbikiHp3PmN596
Бројот на места е ограничен на најмногу 10 учесници. При зголемен интерес ќе се примени принципот на „прв дојден, прв услужен“.
ОРГАНИЗАТОР И ПРЕДАВАЧИ
Организатор на академијата е Центар за економски анализи, истражувања и обуки – Економски факултет, при Универзитет Гоце Делчев – Штип.
Центарот издава државно акредитирани сертификати и дипломи, признати во држвата и на меѓународно ниво.
Предавачите на академијата се претставници од академската фела, со долгогодишно искуство во образование, едукација, обучување и менторирање, како и гости предавачи од приватниот сектор со значајни деловни успеси, постигнати со кристење на знаењето и вештините кои ќе бидат изучувани во рамки на академијата.
Весна Георгиева Свртинов е професор и продекан за меѓународна соработка и наука, на Економскиот факултет при УГД. Во текот на својата работна кариера има издадено голем број научно-истражувачки и стручни трудови, универзитетски учебници и монографии од областа на финансиите. Раководител е и учесник во реализација на повеќе научно-истражувачки и стручно-апликативни домашни и меѓународни проекти. Има одржано бројни обуки од областа на сметководтсвото, финансиите и анализа и обработка на податоци. Поседува овластен сертификат за финансиски аналитичар. Дополнителна спецификација за анализа и обука на податоци има стекнато на Универзитетот Утрехт во Холандија.
Оливера Ѓоргиева-Трајковска е редовен професор и декан на Економскиот факултет при УГД. Работи во областа сметководство и финансии. Има издадено голем број научни и стручни трудови од областа на сметководството, финансиите и финансиската анализа. Има учествувано на голем број домашни и меѓународни конференции и симпозиуми, како и во реализација на повеќе домашни и меѓународни проекти. Поседува лиценца за вешто лице од областа на сметководственото, материјално и финансиско работење; лиценца за овластен сметководител и лиценца за овластен проценител на капитал на трговски друштва, јавни претпријатија и други субјекти.
Емилија Митева-Кацарски е вонреден професор и продекан за настава на Економскиот факултет при УГД. Работи во областа меѓународна економија. Нејзиниот научно истражувачки опус се состои од голем број на трудови, како автор и коавтор од областа на меѓународната економија, како и учество во научни и стручни проекти и бројни домашни и меѓународни конференции. Поседува сертификат за национален ЦЕФЕ обучувач, како и меѓународни сертификати за успешно завршени обуки од областа на меѓународната трговија и меѓународниот бизнис.
На академијата, во работа со учесниците, во одредени модули, ќе се вклучат и гости предавачи од академската фела и приватниот сектор.
Ристе Темјановски е редовен професор на Економскиот факултет при УГД, со повеќегодишна практична активност во високообразовната и претприемничката заедница. Изведува обуки и истражувачки активности во склоп на Chabukaisix Learn и Esenso, компании кои соработуваат со Универзитетот Саутемптон (Англија). Оваа работа е посветена на иновациите и суштински решенија во дигиталната околина, во рамки на индустријата за компјутерски софтвер и се занимаваат со развој на апликации со цел подобрување на животната средина и човековото живеење преку обезбедување софтвер и услуги кои решаваат проблеми, заштедуваат ресурси, обезбедуваат и реализираат идеи.
Јанка Димитрова e редовен професор на Економски факултет при УГД. Професор Димитрова покрај академското образование, континуирано се усовршува со посета на семинари и работилници и се стекнува со лиценци и овластувања за: ревизор, сметководител, вешто лице, проценител на капитал на трговски друштва, јавни претпријатија и останати деловни ентитети, брокер, инвестициски советник, ЦЕФЕ тренер за претприемчи, советник генералист и специјалист при АППРМ. Со своето 40-годишно работно искуство, покрај наставно-образовната извршува и стручно-апликативна дејност со континуирана консултатнтска поддршка на бизнис заедницата во горенаведените области.
Тамара Јованов Апасиева е професор во областа Маркетинг, на Економскиот факултет при УГД. Со над 15-годишно искуство во едукација, обучување и менторирање, професор Апасиева исто така соработува и со приватниот сектор, како деловен консултант, како и со бројни организации во улога на водечни експерт, истражувач, ментор и советник. Меѓу нив се: Асоцијација на бизнис жени на Македонија, Национална платформа за женско претприемништво, Центар за истражувања и политики, YES Фондација и други. Била визитинг професор во странство на Економски факултет при Универзитет во Бања Лука, како и на Универзитетот Jaume I, во Кастелон Де Ла Плана, Шпанија. Учесник е и организатор на бројни национални и меѓународни проекти, конференции, обуки, семинари и автор на публикации во списанија во светски признати бази, како и сертифициран ЦЕФЕ обучувач на претприемачи.
Повеќе информации за академијата, на следниот контакт
Проф. д-р Весна Георгиева – Свртинов
Тел. 071859614
Е-пошта: