Четврток, Ноември 21 2024
Следете нè

Отворен повикот за награда на истражувачко новинарство на ЕУ за 2023 година

Наградата за истражувачко новинарство на ЕУ за 2023 година ги слави најдобрите истражувачки приказни објавени во претходната календарска година и се доделува само за Турција и земјите во Западен Балкан.
Крајниот рок за поднесување на пријави е 20 јуни 2023 година, до полноќ по средноевропско време.
Оваа година, освен националните награди, наградата на ЕУ воведува и регионална награда, насочена кон најдобрите приказни од целиот регион врз основа на јасно дефинирани критериуми. Оваа нова категорија е возбудлив развој што ќе ги охрабри новинарите да размислуваат надвор од националните граници и да се занимаваат со прашања кои го засегаат целиот регион.
Годишниот награден фонд за секоја од земјите, како и наградниот фонд за регионалните награди е 10000 евра. Наградени ќе бидат трите најдобри приказни на годината, а сумата за национални и за регионални награди е 5000 евра (за прво место), 3000 (за второ) и 2000 евра (за трето).
Приказните што може да бидат номинирани треба да придонесат за слободата на изразување, владеењето на правото и транспарентноста.
Тие треба да опфатат различни теми кои ги засегаат националните и регионалните економии; борбите и предизвиците за процесите на интеграција во ЕУ; општествата и перспективите на земјите, на пр. организиран криминал, корупција, пораст на екстремизмот, различни форми на странско влијание, кршење на човековите права, вклучително и оние во дигиталната сфера, како и други теми кои се помалку достапни за јавноста.
Пријавите може да бидат номинирани за националната или за регионалната награда или, пак, за двете, а оваа можност се нуди преку самата апликација. Освен тоа, еден кандидат може да се пријави на конкурсот со повеќе приказни.
Добитниците на националните награди во регионот на Западен Балкан и Турција автоматски стануваат кандидати за регионалната награда на ЕУ за истражувачко новинарство, ако тоа е наведено во нивната апликација. Жирито и за националните и за регионалните награди го сочинуваат локални и меѓународни медиумски експерти, уредници, членови на академската заедница и новинари со заслуги.
Организатор на наградата е Thomson Media, организација со децениско искуство во развојот на медиумите и промоцијата на слободата на медиумите на глобално ниво.
Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство за 2023 е дел од проектот „Зајакнување на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција II“. Ова има за цел да ги препознае и промовира извонредните достигнувања во истражувачкото новинарство, како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во Западен Балкан и во Турција.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведува конзорциум составен од Балканска мрежа за истражувачко новинарство – BIRN Hub, Central European University (CEU) – Унгарија, Association of Journalists (AJ) – Türkiye, Thomson Media (TM) – Германија, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип (УГД) – Северна Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – Северна Македонија, Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (MASE) – Црна Гора и Балканската мрежа за истражувачко новинарство Косово (БИРН Косово).

            Потребни документи за пријава се:

1. EU-Award_Call-for-Applications_2023_MKD-(Macedonian)(.docx)

2. EU-Award_Instructions-for-Submitting-Proposals_2023_MKD-(Macedonian)(.docx)

3. EU-Award_Application-form_2023_MKD-(Macedonian)(.docx)

4. EU-Award_Statement-of-Consent_2023_MKD-(Macedonian)(.docx)