Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Информации за студирање на втор циклус на студии на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

  • Потребни документи за упис и уплата за втор циклус на студии

    При запишувањето, примените кандидати поднесуваат (согласно висината на надоместоците што ги плаќаат студентите за образование и административни услуги на универзитетот за II циклус студии,):

    Индекс

    три фотографии (2 од 6х9; 1 од 4х5);

    пријавни листови ( розов лист, семестрален лист, договор за студирање, информатор за втор циклус студии)

    две уплати од 50 денари административна такса

    Напомена: сите потребни формулари можат да се набават во универзитетските книжари.

    Потврда за осигурување (минимум 150 денари) за временскиот рок за траење на студиите (една или две години)

    I.

    Потврда за уплатени 1.200,00 денари - за пријава за упис

    Назив и седиште на примачот:Универзитет “ Гоце Делчев“ Штип

    Банка на примачот: НБРМ

    Трансакциска сметка:100000000063095

    Сметка на  корисник 1600160330-788-37

    Приходна шифра 723019

    Програма 44

    Образец ПП-50

    II.

    потврда за уплатени 400 евра - за партиципација (редовни) – по среден курс на Народна банка на денот на уплатата

    потврда за уплатени 500 евра - за партиципација (вонредни) - по среден курс на Народна банка на денот на уплатата

    (можна е и уплата на рати по 200, односно 250 евра)

    Назив и седиште на примачот:Универзитет “ Гоце Делчев“ Штип

    Банка на примачот: НБРМ

    Трансакциска сметка:100000000063095

    Сметка на  корисник 1600160330-788-37                                   *

    Приходна шифра 723012

    Програма 44

    Образец ПП-50

    III.

    потврда за уплатени 650,00 денари - за ИКСА (информатички и културнo-спортски активности)

    Назив и седиште на примачот:Универзитет “ Гоце Делчев“ Штип

    Банка на примачот: НБРМ

    Трансакциска сметка:100000000063095                *

    Сметка на буџетски корисник 1600160330-788-60

    Приходна шифра 723119

    Програма 44

    Oбразец ПП-50

    IV.

    -потврда за уплатени 400,00 денари -за материјални трошоци,  солидарна одговорност

    Назив и седиште на примачот:Универзитет “ Гоце Делчев“ Штип

    Банка на примачот: НБРМ

    Трансакциска сметка:100000000063095

    Сметка на  корисник 1600160330-788-37                           *

    Приходна шифра 723019

    Програма 44

    Oбразец ПП-50

    V.

    -потврда за уплатени 150,00 денари – за студентски парламент, студентски правобранител и студентски активности.

    Назив и седиште на примачот:ЗСПУ“Гоце Делчев“ Штип     *

    Сметка:200002248241063 

    Стопанска банка

    Oбразец ПП-10

    VI.

    .-потврда за уплатени 300,00ден.за надомест за книжен фонд на Универзитетот

    Назив и седиште на примачот:Универзитет “ Гоце Делчев“ Штип

    Банка на примачот: НБРМ

    Трансакциска сметка:100000000063095

    Сметка на  корисник 1600160330-788-56                           *

    Приходна шифра 723019

    Програма 44

    Oбразец ПП-50

    VII.

    Потврда за уплатени 500.00 ден. За упис на прв семестар

    Назив и седиште на примачот:Универзитет “ Гоце Делчев“ Штип

    Банка на примачот: НБРМ

    Трансакциска сметка:100000000063095

    Сметка на  корисник 1600160330-788-37                           *

    Приходна шифра 723019

    Програма 44

    Oбразец ПП-50

    VIII.

    Потврда за уплатени 390.00ден. за спортски активности

    Примач: “Универзитетски спортски центар“-Штип

    Банка на примачот : Стопанска банка

    Сметка :200001926783548

    Образец ПП10

  • Рок на студирање на втор циклус студии

    Студентите од втор циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале и тоа:

     –  стручните студии во траење од 1 (една) година можат да се завршат најдоцна во рок од 3 (три) години од денот на запишувањето,

     –  магистерските студии во траење од 1 (една) година можат да се завршат најдоцна во рок од 3 (три) години од денот на запишувањето,

     –  магистерски студии во траење од 2 (две) години можат да се завршат најдоцна во рок од 5 (пет) години од денот на запишувањето.

    Доколку по истекот на рокот од претходниот став  студентот не ги заврши студиите, истиот со барање за продолжување на студиите добива одлука од единицата на Универзитетот во која се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите. Барањето мора да се поднесе пред истекот на рокот од 3 или 5 години.

    Доколку по истекот на рокот настане измена на студиската програма, студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма, врз основа на општ акт на Универзитетот и на единицата.

    Доколку по истекот на рокот од овој член студиската програма згасне, студентот може стекнатите кредити за одредени предметни програми да ги пренесе на друга студиска програма, врз основа на општ акт на Универзитетот и на единицата.

    По барање на студентот, единицата на Универзитетот може да одобри продолжување на рокот за одбрана на стручниот, односно магистерскиот труд, за времето додека траеле причините за спреченост за работа на стручниот, односно магистерскиот труд, но најмногу за 1 (една) година. По истекот на овој рок, студентот губи право да го брани пријавениот стручен, односно магистерски труд.

    Како оправдани причини од претходниот став се сметаат: подолготрајна тешка болест, бременост и породување, отсуство од земјава во случај кога кандидатот е упатен привремено да извршува работи во странство, научно усовршување во странство, учество во научни и спортски експедиции и други оправдани причини.

  • Постапка за пријавување и одбрана на Магистерски / Специјалистички труд

    1. Студентот поднесува пријава на тема (со пополнување на формулар превземен од веб страната на УГД Штип), со приложување уплата од 1500 денари уплатени на шифра 723019 и уплата  од 50 денари административна такса. Пријавата се поднесува во два примерока.
    2. Одлуката за прифатената тема се доставува до студентот по мејл од страна на референтот од студентска служба.
    3. Студентот поднесува барање за проверка на студентско досие (со пополнување на формулар превземен од веб страната на УГД Штип), со приложување на уплата од 50 денари административна такса, индекс со сите оцени и потписи. По извршената проверка, студентот преку мејл се известува за состојбата на досието.
    4. Студентот поднесува барање за формирање на комисија за одбрана на труд (со пополнување на формулар превземен од веб страната на УГД Штип). Треба да помине една година од Одлуката за прифаќање на тема за да се поднесе ова барање за генерација 2010/2011 и 2011/2012. За генерација 2012/2013 и 2013/1204 не треба да помине една година, треба да има објавен труд во научно списание (се донесува фотокопија од објавата). Во прилог на барањето студентот доставува:
      • 3 примерока од трудот во спирала
      • менторски извештај х 2
      • плагијат х 2 со потпис од менторот
      • извештај од проверка на досието (кој студентот го добил по мејл)
      • 2 примерока од објавениот труд во научно списание
      • Админстративна такса 50 ден
    5. Одлуката за формирањето комисија се доставува до студентот по мејл од страна на референтот од студентска служба.
    6. Рецензија или извештај од комисија за оцена за магистерски труд ја изготвува менторот.
    7. Одлуката за датумот за одбрана се доставува до студентот по мејл од страна на референтот од студентска служба
    8. Пред одбраната кај референтот на студентска служба се доставуваат:
      • 9 примероци на трудот во тврд повез
      • труд испратен во PDF  формат на службен е-маил на референт од студентска служба.
      • изјава од лектор дека трудот е лекториран
      • копија од положен лекторски испит на лекторот
      • барање за издавање на уверение со положени испити (со пополнување на формулар превземен од веб страната на УГД Штип)
      • уплата од 50 денари административна такса
      • уплата од 300 евра во денарска противвредност на приходна шифра723019 со цел на дознака – одбрана на труд
      • уплата од 3900 денари на приходна шифра 723019 со цел на дознака – уверение, диплома, додаток на диплома, футрола
    9. Студентот во рок од 15 дена добива уверение со положени испити на втор циклус студии. Дипломата се доделува секој Март во годината на свеченост по повод Патронат на УГД Штип.
  • Правилници, барања и обрасци за студирање

  • Трошоци за студирање