Премин од едни на други студии
Во текот на студиите, студентот може да премине од едни на други сродни студии на исто ниво внатре во рамките на единицата, на Универзитетот или од некој друг универзитет, под услови утврдени со студиската програма, со тоа што преминувањето од едни на други студии не е допуштено во прва година на студии.
Преминувањето на студентите се врши врз основа на решение за признавање на остварените ЕКТС кредити, по претходно доставено барање од студентот. Доколку студентот од предиспитните активности стекнал 42 поени од соодвениот предмет, поените му се признааат доколку истиот предмет е предвиден и во студиска програма на која што преминал студентот. Студентот што не стекнал 42 поени, го презапишува предметот.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.