Универзитетска библиотека
Универзитетската библиотека ги собира на едно место изданијата на сите факултети и придружни институти кои функционираат во состав на Универзитетот.
Сите важни изданија, учебници, учебни помагала и стручни прирачници се достапни за оние кои имаат најголема потреба од нив, студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Универзитетската библиотека во моментов располага со повеќе од 110.000 книги од областа на природните, општествените и техничките науки, интересни наслови од областите математика, астрономија, геодезија, физика, хемија, геологија, палеонтологија, биологија, ботаника, зоологија, голем број на речници, енциклопедии и магистерски трудови.
Во рамки на Универзитетската библиотека функционира електронскиот сервис е-библиотека кој е достапен веќе две години, а од неодамна УГД за своите студенти овозможи многу поедноставна и интерактивна апликација преку која со лесна навигација се пристапува до електронски библиотечен фонд неопходен за квалитетно студирање. Е-библиотека на Универзитетот „Гоце Делчев“ е сервис кој ги следи потребите на новиот и современ начин на студирање и е креиран целосно во прилог на студентите и вработените на Универзитетот.
На овој линк се наоѓаат правилата на користење на Универзитетската библиотека: Правила на користење на Универзитетска библиотека
На овој линк се наоѓа Кодексот на однесување на корисниците.
Преку овој линк може да се пристапи до веб-апликацијата за пребарување преку наслов, автор, издавач и година на издавање.
Преку овој линк може да се пристапи до електронската библиотека на УГД.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.