Запиши се на УГД
УПИСИ 2023/2024 Г.
Соопштение:
Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (УГД) нема потпишано никакви договори со приватни фирми и физички лица за регрутирање студенти за учебната 2023/24 година. Универзитетот никогаш не овластил никого да го застапува и нема официјални овластени претставници на УГД или на кој било друг факултет.
Goce Delcev University - Stip (UGD) has not sign any contracts with private companies and individuals regarding the recruitment of students for the 2023/24 academic year. The university has never authorised anyone to represent it and there are no official authorised representatives of UGD or any other faculty.
Конкурс за прв циклус 2023-2024
Студиски програми
Кампус 1Ликовна академија – линк до https://la.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Музичка академија - https://ma.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Филмска академија - https://fa.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Кампус 2
Земјоделски факултет - https://zf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Машински факултет - https://mf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Електротехнички факултет - https://etf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Технолошко-технички факултет - https://ttf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Факултет за информатика - http://fi.ugd.edu.mk/studii/prvCiklus
Факултет за природни и технички науки - https://fptn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Кампус 3
Факултет за медицински науки - https://fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Кампус 4
Економски факултет - https://ef.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Правен факултет - https://pf.ugd.edu.mk/index.php/mk/
Филолошки факултет - https://ff.ugd.edu.mk/index.php/mk/
Факултет за образовни науки - https://fon.ugd.edu.mk/index.php/mk/
Факултет за туризам и бизнис логистика - https://ftbl.ugd.edu.mk/index.php/mk/
Рокови за пријавување, проверка на знаење и умеење и запишување
Информации за проверка на знаења и умеења
1. Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења Музичка академија - проверка на знаења се врши за студиските програми: Оддел за Дипломиран музички теоретичар и музички педагог, Оддел за Дипломиран етнокореолог, Оддел за Дипломиран музичар изведувач, Оддел за Дипломиран џез музичар.
- За подетални информации испратете е-маил продеканката Проф. Валентина Велковска Трајановска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Ликовна академија - проверка на знаења се врши за студиските програми Класично сликарство и Вајарство
- За подетални информации испратете е-маил до продеканот проф. Јордан Ефремов Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Филмска академија - проверка на знаења се врши за студиската програма Современ танц и Балетска педагогија
- За подетални информации испратете е-маил до проф. Рисима Рисимкин на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и доцент Адријана Данчевска на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
2. Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности
Факултет за образовни науки - проверка на психофизички способности се врши на следните студиски програми: Одделенска настава, Предучилишно воспитување и Педагогија
За подетални информации ќе бидете контактирани после пријавувањето во нашиот онлајн систем. Информации може да добиете и од продеканката проф. Даниела Коцева на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Информација за содржините за тестирање на знаење и умеење
ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА Tестирањето се одвива во 3 дена, и тоа со следните содржини: Класично сликарство
- Цртање портрет (4 часа)
- Цртање акт (4 часа)
- Сликање мртва природа со акварел (4 часа)
Вајарство
- Цртање портрет (4 часа)
- Цртање акт (4 часа)
- Вајање слободна форма (4 часа)
МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА
-
Студиска програма: Теорија на музиката и музичка педагогија
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат - во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈА)
- Градење на зададени трозвуци,
- Градење на трозвуци и четиризвуци со зададен басов тон,
- Градење на квинтакорди во зададени тоналитет со зададени стапала.
Литература:
- Marko Tajcevic. 1962. Osnovna teorija muzike.Beograd: Prosveta
III – ДЕЛ (ПИЈАНО)
- Полифона композиција по избор
- Соната по избор
- Етида по избор
- Композиција по слободен избор
-
Студиска програма: Етнокореологија
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат - во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА)
- практични познавања на етнокореолошката наука
- играорски предиспозиции
- играчки репертоар
- синхронизирани вежби
- методика на народни ора
- теориски познавања на етнокореолошката наука
Литература:
- Димоски Михаило, Народните ора и орската традиција, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје 1996, стр. 281-286.
- Пенушлиски Кирил, Македонски фолклор, Историски преглед, Ора и орски песни, Матица македонска, Скопје- Мелбурн, 1999, стр. 509-519.
- Јаневски Владимир, Главни карактеристики на играорните подрачја, Зборник на трудови II, Илинденски денови, Битола 2010.
-
Студиска програма: Музичар изведувач (Флејта, Кларинет, Труба, Виолина, Гитара, Хармоника, Ударни инструменти, Саксофон)
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат - во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (МУЗИЧАР ИЗВЕДУВАЧ)
- Етида по избор
- Виртуозна пиеса
- Циклично дело
-
Студиска програма: Музичар изведувач (пијано)
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат - во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (ПИЈАНО)
- Полифона композиција по избор
- Концертна етида по избор
- Соната по избор
- Композиција по слободен избор
-
Студиска програма: Соло пеење
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат - во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (ВОКАЛНО ПЕЕЊЕ)
Изведба на три композиции од различни епохи:
- Стара класика
- Романтизам
- Арија
Кандидатот одбира по сопствен избор со кој композиции ќе се претстави.
-
Студиска програма: Џез студии (џез гитара, џез бас, џез тапани, џез саксофон, џез труба, џез пијано)
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Слушање, препознавање на интервали и трозвуци.
II – ДЕЛ (ПИСМЕН ТЕСТ)
- Теорија – Историја
Литература:
- The History of Jazz – Ted Gioia (или извор по слободен избор на кандидатот),
- Тhe Jazz Theory Book – Mark Levine (или извор по слободен избор на кандидатот).
III – ДЕЛ (МАТИЧЕН ИНСТРУМЕНТ)
- Блуз композиција (слободен избор)
- Џез стандард (слободен избор)
Литература:
- The Real Book – Jazz Standards, (или извор по слободен избор на кандидатот)
ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
- Аудициите за катедрата за Современ танц за насока, за додипломски студии на англиски јазик и Балетска педагогија, годинава се организирани со физичко присуство. Секој потенцијален кандидат треба да испрати биографија, писмо на намери (може да е вклучено во видеото) и видео материјал, во кој ја презентира својата техничка подготвеност во класичен и современ танц, како и дел со импровизација. Потоа се закажува термин со физичко присуство, аудиција во просториите на Филмската академија во Скопје
Пријавување на кандидати - постапка и потребни документи
- Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:
- На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
- 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
- 50,00 денари административна такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
- На студиски програми на кои СЕ врши проверка на знаења и умеења:
- 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
- 50,00 денари административна такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
- На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.
- По поднесувањето/креирањето на електронска апликација, кандидатот ги доставува физичките документи (оригинали) секој работен ден од 09 до 13 часот на наведените локации (документи не се испраќаат преку е-пошта). Притоа само кандидатите кои ќе достават физички документи (со цел проверка на внесените информации) ќе бидат рангирани. Документите е потребно да се достават НАЈДОЦНА заклучно со последниот ден од официјалните рокови за пријавување на кандидати (НАЈДОБРО ПОРАНО). Потребни документи се:
- Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис
- Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, меѓународна матура, без матура)
*Свидетелствата и дипломата стекнати во странство треба да бидат нострифицирани.
- Извод од матичната книга на родените (не постар од 6 месеци);
- Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
- Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)
- Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), овие уплатници се приложуваат заедно со останатите документи:
- Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 100000000063095
- Сметка на корисник: 1600160330-788-18
- Приходна шифра: 723019
- Програма: 44
- Образец: ПП-50
- Уплата за Административна такса на следната сметка:
- Трансакциска сметка: 100000000063095
- Уплатна сметка: 84017403161
- Приходна шифра: 722313
- Програма: 00
- Образец: ПП-50
- Кандидатите кои нема да бидат задоволни од прелиминарните резултати, имаат право за поднесување на ПРИГОВОРИ на наменската е-пошта, од нивната е-адреса со која се регистрирале на системот за пријавување, наведување на евидентниот број и причината за приговорот. Резултатите од поднесените приговори се објавуваат исто така на веб страната на УГД.
- Во соодветните рокови, ќе се генерираат конечни решенија за прием на кандидати, врз основа на кои примените кандидати е потребно да се запишат на Универзитетот.
Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ СО ПРЕФРЛУВАЊЕ ОД ДРУГИ УНИВЕРЗИТЕТИ
- Кандидатите поднесуваат/креираат електронско барање за префрлување со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за поднесување на барањето за префрлување од друг Универзитет. Постапката е следна:
- Кандидатот ги уплатува потребните средства за поднесување на електронското барање за префрлување (50 денари за административна такса);
- Кандидатот ги пополнува основните податоци, и
- Кандидатот ги пополнува податоците за барањето/студирањето (од кој Универзитет/факултет доаѓа, на кој факултет/студиска програма/начин на студирање/плаќање бара да се префрли на УГД);
- Описно наведува што е барањето (доколку бара да се признаат одредени испити положени претходно, овде го наведува истото);
- Ги прикачува потребните документи (на пример, уверение со положени испити од претходната институција).
- По креирањето на електронското барање, кандидатот го следи неговиот статус и моментална инстанца на одлучување. Процесирањето на барањето завршува со промена на статусот на барањето во Одобрено или Одбиено.
НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.
Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.
- Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:
Доставување на документи
- По пријавување во електронскиот систем, документите можете да ги доставите до најблиската локација, без разлика на коj факултет сте се пријавиле.
- Доставување на документи може да се изврши во една од посочените локации по 07.08.2023 во периодот од 8:00 до 14:00 часот.
- Документите мора да се достават најдоцна до последниот ден за пријавување согласно конкурсот.
Модул за електронско пријавување и запишување на кандидати на конкурсот и со префрлување од други Универзитети
Приговори од уписи
- Адреса за поднесување на приговори: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Образец за поднесување на приговор (се испраќа пополнет на наведената адреса): Образец
- Рокови: Прв уписен рок: 29 август / Втор уписен рок: 12 септември / Трет уписен рок: 21 септември.
Одлуки на поднесените приговори
Ослободување од партиципација
Преглед на резултати од рангирање
КОНЕЧНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРИЕМ ОД ПРВ УПИСЕН РОК ЗА СТРАНСКИ КАНДИДАТИ 2023/2024 НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Конечни решенија / Прв уписен рок / 2023 / Кандидати со странско државјанство (.pdf)
Конечни решенија / Втор уписен рок / 2023 / Кандидати со странско државјанство (.pdf)
Конечни решенија / Трет уписен рок / 2023 / Кандидати со странско државјанство (.pdf)
Објавени се конечните решенија за прием на кандидати со странско државјанство, во првиот уписен рок 2023 година, прв циклус на студии.
Рок за поднесување на приговори: 5.9.2023 година на:
- Адреса за поднесување на приговори: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Конечни резултати од прв уписен рок ќе бидат објавени на 6.9.2023 година.
Рок за запишување на примени кандидати од прв уписен рок: 6.9.2023 – 11.9.2023.
Сите примени кандидати на конечните резултати на прв уписен рок е потребно да се запишат, со приложување на сите потребни документи и уплати во канцеларијата за прием на странски студенти, Правен факултет – Штип, прв спрат.
Потребни документи за запишување (Enrollment):
- нострификација на дипломата за завршено средно образование
- оригинална диплома за завршено средно образование (апостил печат на диплома за земјите членки на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи)
- транскрипт
- извод од матична книга на родените
- државјанство
- копија од првата страна на пасошот
Потребни уплати: ЗА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШУВААТ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК:
Уплати за запишување на Прв циклус студии
- Прва рата од партиципација - Најмалку ¼ од годишната партиципација (или партиципација за цел прв семестар)
- Факултет за медицински науки: Најмалку ¼ од годишната партиципација или 22970 денари (или партиципација за цел прв семестар од 45940 денари)
- Останати факултети: Најмалку ¼ од годишната партиципација или 15315 денари (или партиципација за цел прв семестар од 30625 денари)
Уплати за запишување на Прв циклус студии
- Прва рата од партиципација
Жиро - сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 18
Приходна шифра: 723012
Програма 44
Образец ПП50
- Потврда за уплатени 2350,00 денари за трошоци за студирање
Жиро - сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 18
Приходна шифра: 723019
Програма 44
Образец ПП50
(Трошоци за студирање: Материјални трошоци и за солидарна одговорност на ниво на Универзитет,
надомест за книжен фонд на Универзитетот, Упис на прв семестар, Индекс, Информатор, розов лист,
семестрален лист и ШВ-20 образец)
- Потврда за уплатени 910,00 денари за студентско собрание и информатички и културни активности
Жиро - сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 60
Приходна шифра: 723119
Програма 44
Образец ПП50
- Потврда за уплатени средства за потрошен лабораториски материјал / теренска настава.
- За факултет за медицински науки: 6125 денари
- За останатите факултети: 1000 денари
Жиро - сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 18
Приходна шифра: 723014
Програма 44
Образец ПП50
- Потврда за уплатени 390.00 денари за спортски активности Жиро - сметка на Универзитетски
спортски центар – Штип
Банка на примачот: Стопанска банка
Сметка: 200001926783548
Образец ПП10
- Потврда за уплатени 100 денари за административна такса Жиро-сметка на Буџет на РМ
100000000063095
Банка на примач: НБРМ
Уплатна сметка 840 174 03161
Приходна шифра 722313
Програма 00
Во меѓувреме, системот за пријавување на кандидати https://eupisi.ugd.edu.mk е отворен за пријавување во втор уписен рок.
Документите кои се потребни за пријавување (Admission – documents check list) се објавени на следниот линк: https://www.ugd.edu.mk/documents/upisi/Check-list-of-documents-for-admission-and-enrollment-for-all-study-programs.pdf
Запишување на примените кандидати - постапка и потребни документи
- Примените кандидати КОИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЕЛЕКТРОНСКИ и ги има на конечни решенија за прием: https://upisi.ugd.edu.mk, е потребно да се запишат електронски, преку модулот за пријавување и запишување: https://eupisi.ugd.edu.mk.
- Се пристапува на е-пријавата и се клика на Запиши се:
- Се плаќаат сите потребни средства за упис на УГД и прв семестар наведени во табелата: (на секоја приходна шифра се прави посебна уплата за секоја сума, со платежната картичка со која располагате, преку линкот еКомеција):
ВАЖНО: ДОКОЛКУ УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ПРЕКУ Е-КОМЕРЦИЈА НЕ СЕ ВИДЛИВИ ВЕДНАШ, ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ (НЕ ПОВЕЌЕ ОД 60 МИНУТИ) ИСТИТЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ВО СИСТЕМОТ, ПО ШТО МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИТЕ ПОНАТАМУ СО ЗАПИШУВАЊЕТО
- ПОСЛЕ уплатата на СИТЕ потребни средства, се појавува опција за избор на изборни предмети (доколку има) во прв семестар и се клика на Запиши семестар:
- Системот генерира порака со информации за креираниот електронски индекс:
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА: Кандидатите кои при уписот не креираа електронска пријава, туку се пријавија само со физички документи, потребно е:
- Да ги реализираат потребните уплати за упис на УГД и прв семестар (ВИДИ УПЛАТИ), преку електронско банкарство или платен промет – банка/пошта;
- Скенови/копии/квалитетни фотографии (од мобилен уред) од реализираните уплати, во електронска форма да ги испратат на следната електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака дека се работи за уплати за запишан кандидат со ЕВИДЕНТЕН БРОЈ ИМЕ ПРЕЗИМЕ ФАКУЛТЕТ НАСОКА, како и ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ОД ПРВ СЕМЕСТАР респективно за кандидатот, и
- Ќе добијат повратна е-пошта со информации за креиран електронски индекс и запишан прв семестар.
За сите новозапишани студенти ќе бидат објавени листи со кориснички имиња, формат на лозинки и насоки како да ги користат сите електронски платформи на УГД на кои по автоматизам ќе добијат пристап со самото запишување на Универзитетот.
ВАЖНО ЗА СИТЕ НОВИ СТУДЕНТИ:
- Најдоцна до 31 октомври 2023 година, секој новозапишан студент, на шалтерот на одделението за студентска архива е потребно:
- Да приложи потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150,00 денари за тековната година, и
- Да приложи Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5).
Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.
Листа на студентски прашања по факултет/град:
Најава на електронските ресурси на УГД за студентите запишани во прва година во учебна 2023/2024 г.
Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебна 2023/2024 година се прикажани на следната ЛИСТА. Листата континуирано ќе се ажурира, во согласност со уписните рокови и обработката на податоците од страна на Универзитетот.
За сите студенти од листата се генерирани броеви на индекси и се креирани кориснички профили за следните ресурси:
- Е-индекс;
- Е-учење;
- Е-пошта.
При најава на сите горенаведени електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка во следниот формат:
- Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)
- Иницијална лозинка: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.
Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: 072 221 840, 075 400 197 и 078 396 445 (после 07.08.2023 година од 8 до 14 часот)
Локации за доставување на физички документи за пријавување
Штип: Книжара Факултет за Образовни науки (9-14 часот)
Струмица, Наставен центар на УГД, ул. „Гоце Делчев“ бб; (студентски прашања, 9-14 часот)
Скопје, Наставен центар на УГД, бул. „Александар Македонски“ 24; (студентски прашања, 9-14 часот)
Кавадарци, Наставен центар на УГД, ул. „Шишка“ бр. 25; (студентски прашања, 9-14 часот)
Гевгелија, Наставен центар на УГД, ул. „7 ноември“ бб. (студентски прашања, 9-14 часот)
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.