Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Завршување на образованието

Завршување на образованието

Студентите од првиот циклус на студии завршуваат со положување на сите испити, изработка на дипломски труд/завршен испит, како и исполнување на сите други студиски обврски предвидени со студиската прогама на која што се запишал.

„Студирањето на единиците на Универзитетот се завршува со полагањето на сите предвидени испити со студиската програма и изработка и одбрана на дипломски труд (за студиите во траење од 4/5/6 години 240/300/360 ЕКТС), односно полагање на завршен испит (за студиите во траење од три години 180 ЕКТС), во соработка со избраниот ментор.

Темата за дипломскиот труд/ завршен испит студентот ја дефинира во договор со менторот од соодветната катедра/институт/оддел, најрано со запишувањето на последниот семестар од студиската програма.

„Пријавата за изработка на дипломски труд и пријавата за полагање на завршен испит се поднесуваат во студентската служба на единицата во текот на последниот семестар од студиите.

Пријавата за јавна одбрана на дипломски труд/пријавата за комисиско полагање на завршен испит се поднесува до студентската служба, заедно со потврдата за позитивната оценка на писмениот дел на дипломскиот труд/писмениот дел на завршниот испит најрано по положувањето на последниот испит од соодветна студиска програма.

Јавната одбрана на дипломскиот труд/полагањето на завршниот испит се состои од усно излагање/презентација на темата и образложени заклучоци, како и одговори на прашања од комисијата во врска со презентацијата на темата и заклучоците. Во случај кога студентот нема да го одбрани дипломскиот труд/ не го положи завршниот испит, комисијата го повикува студентот на повторна одбрана на дипломскиот труд/ полагање на завршниот испит најдоцна во рок од 30 дена.

Дипломскиот труд/завршниот испит се оценува со единствена оценка од 10 (А) до 5 (F). Оценката се донесува со мнозинство на гласови од членовите на комисијата.” Доколку студентот не го одбрани дипломскиот труд/положи завршниот испит и во повторениот рок се пристапува кон промена на темата за дипломски труд/завршен испит.