Паралелно студирање
Според Правилник за студирање на прв циклус, паралелното студирање е уредено:
II.9. ИСТОВРЕМЕНО СТУДИРАЊЕ НА ДВЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ (ПАРАЛЕЛНО СТУДИРАЊЕ)
Член 55
Паралелно студирање е студирање според две одделни студиски програми. Студентот може паралелно да се запише и на друга студиска програма ако ги исполнил условите за запишување определени со студиската програма и со надоместување на трошоците за студирање. Студентот на втората студиска програма се запишува како вонреден студент и ги плаќа трошоците за студирање како вонреден студент. Студентот кој успешно ги завршил обврските според двете студиски програми, добива одделни дипломи за секоја од паралелните студиски програми.
Член 56
Од паралелното студирање се изземени студиите на Факултетот за медицински науки на студиските програми по Општа медицина, фармација и дентална медицина и на Музичката академија (освен на студиските програми на кои се дозволени вонредни студии), како единици на кои не може да се врши одобрување на паралелно студирање во рамки на единицата, како и од други единици на Универзитетот.
Член 57
За остварување на правото на паралелно студирање, студентот поднесува барање до архивата за студентски досиеја. Продеканот на единицата изготвува записник и го проследува до координаторот за ЕКТС на Универзитетот, кој изготвува одлука. Со барањето за паралелно студирање, студентот приложува и потврда за студент на првата студиска програма. Конечното одлучување по барањата на студентот за паралелно студирање, треба да се заврши пред почетокот на новата академска година.
Член 58
Положените испити на првата студиска програма се признаваат ако предметите од кои испитите се положени по својата содржина и обем одговараат на наставниот предмет на втората студиска програма. Со признавање на испитот се признава и оценката со која студентот е оценет, како и ЕКТС кредитите во согласност со студиската програма.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.