Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА

КАЈ ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИ НА КОРУПЦИЈА ПРОФ. Д-Р ЈОВАН АНАНИЕВ

 

Контакт: Канцеларија на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, ул. „Крсте Мисирков“ бб.

Е- пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Телефон: 075 499 836

 

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ЗА КОРУПЦИЈА?

  • Писмено: Во архивата на Универзитетот.
  • Електронски: На е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Усно: Со записник во канцеларијата на проф. д-р Јован Ананиев на Правен факултет во Штип.

 

ПРОТИВ КОГО МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ЗА КОРУПЦИЈА?

  • Лице вработено на Универзитетот и на единиците на Универзитетот, внатрешно-организациските единици на Универзитетот и трговските друштва основани од Универзитетот.
  • Студентите на прв, втор и трет циклус на образование.
  • Секое друго лице кое учествува во реализацијата на високообразовната, научноистражувачката и апликативната дејност.

 

ШТО Е КОРУПЦИЈА?

Намерно делување на лице кое директно, или преку посредник, бара, ветува, прима или дава корист од каков било вид за себе или за трето лице, или прифаќа ветување на ваква корист, со цел да делува спротивно на своите обврски или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на работните обврски и други работи утврдени со закон.

 

КОЈ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА?

  • Секое физичко и правно лице.
  • Пријавата може да се поднесе поединечно или групно.

 

КАКО Е ЗАШТИТЕН ПОДНОСИТЕЛОТ НА ПРИЈАВА?

Подносителот на пријавата не смее да биде повикан на одговорност, ниту да трпи какви било штетни последици поради поднесувањето на пријавата и изнесувањето на ставови и мислења, освен ако со тоа не е сторено кривично дело.

Личното име на подносителот на пријавата не се соопштува на единицата, освен доколку тоа го бара подносителот, согласно со Законот за заштита на укажувачи.

Подносителот што сака да остане анонимен се заведува со посебна шифра.

 

ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ПРИЈАВАТА?

Пријавата содржи: назив на институцијата, односно Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип; со назнака дека е за лицето за прием на пријави за корупција; име и презиме на лицето против кое се поднесува пријавата; опис на дејствието што го извршило лицето, докази; име, презиме и потпис на подносителот, како и адреса за контакт или телефон.

 

КОГА СЕ ПОДНЕСУВА ПРИЈАВАТА?

Пријавата за корупција може да се поднесе најдоцна до истекот на една година, сметано од денот кога е сторено делото што се пријавува.

 

КОИ СЕ ВАЖНИТЕ РОКОВИ?

  • Овластеното лице е должно да го информира подносителот на пријавата за преземените мерки и активности во врска со пријавата најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на пријавата.
  • Овластеното лице е должно да ја заврши постапката во рок од 60 дена од денот на приемот, односно комплетирање на пријавата.

 

КАДЕ Е РЕГУЛИРАНО ПОСТАПУВАЊЕТО И ОДЛУЧУВАЊЕТО ПО ПРИЈАВА НА КОРУПЦИЈА?

Во Правилникот за работа на овластеното лице за прием на пријави на корупција на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип од член 14 до член 25.

 

Правилник за работата на овластено лице за прием на пријави на корупција на Универзитетот „Гоце Делчев“ Во Штип (.pdf)