Еразмус +
Еразмус + програма за студентите при УГД
Link to the web page of Erasmus+ at UGD
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип веќе неколку години успешно ја реализира Еразмус + програмата со Европските партнер Универзитети. Студентите и вработените при УГД имаат можност да бидат дел од оваа незаборавно искуство преку програмата за студентска мобилност и мобилност на вработени.
Со цел оваа програма да биде што е можно поблиску до студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и со станоци со претставници од Националната Агенција. Сите нови информации и повици можете да ги следете во делот Активности.
Ерасмус плус програмата е наменета за сите редовно запишани студенти при УГД кои имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските Универзитети чија листа е прикажана во делот Еразмус + партнерски Универзитети. Во зависност од договорот студиската разнема може да се реализира во 6 или 12 месеци.
Услови за аплицирање:
-
Студентите да ја имаат завршено прва година од студиите;
-
Да имаат постигнато солиден успех за време на студиите;
-
Да имаат одлично познавање на англискиот јазик;
Потребни документи:
-
Уверение за положени испити;
-
Копија од индекс;
-
CV;
-
Мотивациско писмо;
-
Две препораки од професор;
-
Копија од сертификати, пофалници, награди;
-
Пополнета пријава за изразување на интерес за учество во Еразмус + програмата;
Mobility Agreement - Staff Mobility For Teaching
Mobility Agreement - Staff Mobility For Training
Партнерски Универзитети со кои имаме склучено договори за Еразмус + мобилности
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.