Запишување и заверка на семестар
Заверувањето на семестарот и годината е задолжителна за сите студенти.
Врз основа на заверувањето на семестарот и годината се утврдува колку ЕКТС студиски кредити освоил студентот. На студентот ќе му се завери семестарот доколку тој во индексот има потпис од предметните наставници за сите семестрални предмети. На студентот кој нема потпис за сите семестрални предмети од предметните наставници, може да му се завери семестар под услови утврдени со одлука на Ректорската управа.
Студентот може да запише нареден семестар доколку му е заверен претходниот семестар. Роковите во кои се заверува и се запишува семестар и година се утврдуваат во студентскиот календар (календарот е достапен на е-патформата на Униерзитетот).
Студентите кои во прва година ќе освојат најмалку 36 ЕКТС студиски кредити може да запишат втора година (трети и четврти семестар) на студии.
Студентите кои во прва и втора година ќе освојат најмалку 90 ЕКТС студиски кредити можат да запишат трета година (пети и шести семестар) на студии.
Студентите кои во прва, втора и трета година ќе освојат најмалку 150 ЕКТС студиски кредити можат да запишат четврта година (седми и осми семестар) на студии.
Студентите кои во прва, втора, трета и четврта година ќе освојат најмалку 210 ЕКТС студиски кредити можат да запишат петта година (деветти и десетти семестар) на студии.
Студентите кои во прва, втора, трета, четврта и петта година ќе освојат најмалку 270 ЕКТС студиски кредити можат да запишат шеста година (единаесетти и дванаесетти семестар) на студии.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.