Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, организира трет циклус-докторски студии, чија цел е оспособување на кандидатите за самостојна научно – истражувачка работа и стекнување со највисок степен на образование и звање доктор на науки.

Докторските студии се изведуваат врз основа на акредитирани студиски програми усогласени со  принципите на Болоњската декларација.
Високообразовна дејност од трет циклус - докторски студии, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ја врши во Школата за докторски студии чиј составен дел се  три кампуси кои ја вршат високобразовната дејност од трет циклус- докторски студии во научно–истражувачкото подрачје во кое се формирани:

  • Кампус 2

    (техничко-технолошки науки, биотехнички науки, природно-математички науки)

    Претседател на Наставно-научниот совет на докторски студии на Кампус 2 е проф.д-р Винета Сребренкоска.

  • Кампус 4

    (општествени и хуманистички науки)

    Претседател на Наставно-научниот совет на докторски студии на Кампус 4 е проф.д-р Цане Котески.

За остварување на студиските програми од трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот се организира академската единица Наставно-научен совет на докторските студии на ниво на кампус на Универзитетот:

- Наставно-научен совет на докторските студии на ниво на Кампус 2,

- Наставно-научен совет на докторските студии на ниво на Кампус 3 и

- Наставно-научен совет на докторските студии на ниво на Кампус 4.

Наставно-научниот совет на докторските студии на ниво на кампус на Универзитетот го сочинуваат сите професори кои се акредитирани за ментори на докторски студии, а припаѓаат  на научно-истражувачкото подрачје во кое е формиран кампусот. Претседателот на наставно-научниот совет на докторските студии на ниво на кампус на Универзитетот се избира од редот на членовите за период од две години. Претседателот на наставно-научниот совет на докторските студии на ниво на кампус на Универзитетот го избира ректорот на Универзитетот на предлог на наставно-научниот совет на докторски студии на кампусот на Универзитетот.

Наставно-научниот совет на докторските студии на ниво на кампус на Универзитетот ги има следниве надлежности:

- донесува одлуки за запишување на трет циклус на студии-докторски студии;

- изготвува предлог-конкурс за запишување на студенти на трет циклус- докторски студии;

- ги определува дополнителните услови за запишување на докторските студии; - формира комисија за подобност на темата, тезите и кандидатот;

- определува интерен и екстерен ментор;

- формира комисија за оценка и одбрана на докторската дисертација;

- го разгледува извештајот на интерниот ментор за напредокот на докторскиот труд;

- го разгледува извештајот за конечната верзија на докторскиот труд на интерниот ментор;

- го усвојува извештајот за оценка на докторскиот труд и ја закажува јавната одбрана;

- донесува одлуки за прифаќање на студиските програми на третиот циклус студии;

- го утврдува нацрт-конкурсот за упис на студенти на докторски студии; 

- го утврдува предлог-бројот на студенти и износот на школарината за докторските студии и истиот го доставува до Ректорската управа на Универзитетот;

- дава предлози за организирање на заеднички докторски (интердисциплинарни) студии на ниво на Универзитет.

Школата за докторски студии административната поддршка на докторските студии   ја врши преку вработените: