Приговор заради оценка од проверка на знаењето
Приговор заради оценка од проверка на знаењето
(извадок од СТАТУТ )
Член 109
Студент, во рок од 24 часа, може да поднесе приговор до деканот, односно директорот на единицата, ако не е задоволен од завршното оценување, односно од оценката, или ако смета дека испитот не е спроведен во согласност со закон, актите на Универзитетот и правилникот на единицата.
Ако деканот односно директорот утврди дека се исполнети условите од став 1 на овој член, наставникот ќе ја преиспита оценката од завршното оценување. Ако наставникот не ја преиспита оценката што ја утврдил, студентот испитот го полага пред тричлена комисија составена од наставници од исто или сродно наставно-научно подрачје, во наредните 24 часа, наредниот работен ден. Комисијата ја формира деканот, односно директорот.
Наставникот кај кого полагал студентот не може да биде претседател на комисијата од претходниот став на овој член.
Член 110
По барање, на студентот му се овозможува да го повтори завршното оценување за повисока завршна оценка по наставен предмет во период од најмногу 4 (четири) месеци од полагањето. Доколку студентот на повтореното завршно оценување добие пониска оценка, таа е конечна и студентот нема право да го повтори завршното оценување.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.