Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

СООПШТЕНИЕ за запишување на студентите на трет циклус студии во учебната 2023/2024 година

Се известуваат кандидатите кои се примени на трет циклус студии по Конкурсот за запишување на трет циклус студии - докторски студии во учебната 2023/2024 година дека  треба да извршат запишување на трет циклус студии. Сите потребни документи и уплати кои треба да се извршат се објавени на следниов линк:

УПИСИ 2023/2024 Г. ЗА ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ugd.edu.mk)

Запишувањето може да се направи во периодот од 10.11.2023 до 15.11.2023 г.

Од страна на е-индекс на вашите мејлови кои сте ги пријавиле во пријавата при електронското пријавување ќе добиете допис со комплетни информации за самозапишување и плаќање на потребните трошоци по електронски пат.

Контакт

За кандидатите на Факултетот за природни и технички науки, Факултетот за информатика, Земјоделски факултет, Правен факултет, Економски факултет: Слаџана Димишков, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел.032 550 032.

За кандидатите на Факултетот за медицински науки: Сашка Атанасова, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел.032 550 032.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ ЗА ДОКТОРСКИ СЕМИНАРИ 18.10.2023г. и 9.11.2023г.

Се известуваат  заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржат докторски семинари со физичко присуство.

Докторските семинари ќе се одржат на ден 18.10.2023 г. со почеток во 10:00 часот и на ден 9.11.2023 г. со почеток во 10:00 часот, во конференциската сала на Кампус 2.

За семинарот на 18.10.2023 г. пријавите да се достават и потврдат присуство на мејл кај Сашка Атанасова до 14.10.2023 г.

За семинарот на 9.11.2023 г. пријавите да се достават и потврдат присуство на мејл кај Сашка Атанасова до 7.11.2023 г.

Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е  задолжително.

 

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ ЗА ДОКТОРСКИ СЕМИНАРИ 14.9.2023 г. и 28.9.2023 г.

Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржат докторски семинари со физичко присуство. Докторските семинари ќе се одржат на ден 14.9.2023 г. со почеток во 10:00 часот и на ден 28.9.2023 г. со почеток во 10:00 часот, во конференциската сала на Кампус 2. За семинарот на 14.9.2023 г. пријавите да се достават и да потврдат присуство на мејл кај Сашка Атанасова до 12.9.2023 г. За семинарот на 28.9.2023 г. пријавите да се достават и да потврдат присуство на мејл кај Сашка Атанасова до 26.9.2023 г. Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително. 

Школа за докторски студии

СООПШТЕНИЕ за јавна одбрана на докторска дисертација

Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов  „Училишниот педагог во современото училиште“ на англиски јазик „The school pedagogue in modern school“ од Сања Гацов.

 Јавната одбрана на докторската дисертација ќе се одржи 1.9.2023 г., со почеток во 10:00 часот, на Факултетот за образовни науки, свечена сала.

 Докторската дисертација е јавно објавена во е-репозиториумот на УГД.

 

                Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Кампус 4

Општествени и хуманистички науки

Факултет за образовни науки

Школа за докторски студии

СООПШТЕНИЕ за јавна одбрана на докторски труд

Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов  „Образование и професионален развој на наставниците во наставата на босански јазик во Косово“ / „ Education and professional development of teachers in the teaching of Bosnian language in Kosovo“ од Салија Бангоји.

 Јавната одбрана на докторската дисертација ќе се одржи 31.8.2023 г., со почеток во 11:00 часот, на Факултетот за образовни науки, свечена сала.

 Докторската дисертација е јавно објавена во е-репозиториумот на УГД.

 

                Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Кампус 4

Општествени и хуманистички науки

Факултет за образовни науи

Школа за докторски студии