Продолжување на студиите
Студент кој нема да ја запише наредната студиска година кога има услов за запишување на наредна студиска година, или не ја презапише истата студиска година кога нема услов за запишување на наредна студиска година, или не го активира мирувањето на студиите кое му е одобрено на одреден временски период, ќе се смета дека настапило прекинување на студиите.
По прекинот на студиите студентот може да ги продолжи студиите по студиската програма на која се запишал.
За продолжување на студиите студентот поднесува барање по кое одлучува Наставно-научниот совет на едницата, односно факултетот. Против одлуката студентот може да поднесе приговор до Наставно-научниот совет на едницата, односно факултетот, за повторно преиспитување на одлуката.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.