Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Водич за упис на интернационални студенти, кандидати за студиските програми на македонски јазик на Универзитетот „Гоце Делчев“

Официјални извори на информации

Универзитетот „Гоце Делчев“, нема потпишано договор со ниту една посредничка Агенција за упис на студенти. Препорачуваме, кандидатите внимателно да го прочитаат упатството и да ги следат инструкциите пропишани во него.

За дополнителни информации, кандидатите може да се обратат до студентската служба за интернационални студенти или на e маил на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  1. УПИС НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС, 2023/24 година

Во Мај месец, Универзитетот „Гоце Делчев“, ќе распише конкурс за прием на студенти на прв циклус на студии за учебната 2023/24 година и истиот ќе биде објавен на web страната на универзитетот.

Во конкурсот ќе бидат наведени датумите и роковите за:

  1. Поднесување на документи,
  2. Објавување на ранг листи на примени студенти
  3. Упис на студентите во прва година на факултетот каде се примени.

Интернационалните студенти може да се пријават на студиските програми на македонски јазик на сите факултети. Максималниот број на странските студенти кои може да се запишат на одредена студиска програма се дефинирани со Квотите за странски студенти.

Квоти за интернационални студени на Универзитетот „Гоце Делчев“, за 2023/24 година

Квотите за интернационалните студенти по факултети за 2023/24 година.

Факултет/Студиска програма

Квоти за странски студенти 2023/24

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – ШТИП

 

Правни студии

15

Медиумски студии и односи со јавноста

15

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП

 

Бизнис економија

10

Менаџмент и маркетинг

10

Сметководство и ревизија

10

Финансии

10

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ - ШТИП

 

Одделенска настава

5

Предучилишно воспитување

5

Историја и археологија

8

Педагогија

5

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ - ШТИП

 

Поледелство

10

Фитомедицина – заштита на растенијата

10

Квалитет и безбедност на храна

10

Растителна биотехнологија*

10

УНИВЕРЗИТЕТСКА СТУДИСКА ПРОГРАМА - ШТИП

 

Биологија*

5

МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА – ШТИП

 

Музичка теорија и педагогија

10

Модули:

 

  • Хорски диригент

 

  • Изведувач на народни инструменти

 

  • Изведувач на етно хармоника

 

  • Општа насока

 

Етнокореологија

5

Музичар изведувач – Флејта

1

Музичар изведувач – Кларинет

2

Музичар изведувач – Труба

2

Музичар изведувач – Виолина

2

Музичар изведувач – Гитара

2

Соло пеење

4

Пијано

4

Модули:

 

  • Камерна музичка

 

  • Корепетиција

 

Џез гитара

2

Џез труба

1

Џез саксофон

3

Џез ударни

2

Џез пијано

2

Џез бас

2

Џез пеење

2

Музичар изведувач – Саксофон*

2

Музичар изведувач – Ударни инструменти*

2

Музичар изведувач – Хармоника*

2

ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА – ШТИП

 

Класично сликарство

2

Вајарство

3

ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА – ШТИП

 

Современ танц (тригодишни студии)  *

3

Балетска педагогија*

4

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА - ШТИП

 

Компјутерско инженерство и технологии

10

Компјутерски науки

10

Применета математика

10

Математика – наставна

10

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ - ШТИП

 

Рударство  

10

Геологија

10

Инженерство за заштита на животна средина

5

Дизајн на ентериер и мебел

5

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ - ШТИП

 

Германски јазик и книжевност

5

Англиски јазик и книжевност

5

Турски  јазик и книжевност

5

Македонски јазик и книжевност

5

Италијански јазик и книжевност

5

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ - ШТИП

 

Општа медицина

45

Дентална медицина

25

Фармација

25

Медицински лаборанти

17

Физиотерапевти

17

Акушерки

17

Медицински сестри/техничари

17

Забен техничар/протетичар

17

Оптометрија и очна оптика  

17

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА - ШТИП

 

Туризам и угостителство

15

Хотелско – ресторански менаџмент

15

Бизнис логистика

15

Бизнис администрација

10

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - ШТИП

 

Автоматика и системско инженерство

5

Електроенергетика и обновливи извори на енергија

5

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП

 

Мехатроника

5

Машинско инженерство

5

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ - ШТИП

 

Технологија на материјали

5

Дизајн и технологија на текстил и облека

5

Прехранбена технологија

5

*Програмите се во постапка на акредитација

 

2. ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УПИС НА ФАКУЛТЕТ

Интернационалниот кандидат се пријавува во еден од трите рокови* определени со Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Постапка за пријавување:

  1. Кандидатот се пријавува електронски преку апликација која ќе биде објавена на web страната на Универзитетот. Кандидатот добива архивски број и ја печати пријавата.
  2. Во предвидениот рок за конкурсот, кандидатот ги поднесува следниве документи:
  3. Отпечатена електронска пријава за конкурс.
  4. Решение за нострификација на дипломата за завршено средно образование издадено од Министерството за образование и наука во Република Македонија; - Оригинален документ
  5. Диплома за завршено средно образование (апостил печат на дипломата за земјите-потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работиод земјата каде е издадена дипломата); - Оригинален документ и оригинален превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.
  6. Свидетелства за секоја завршена година (Транскрипт); Оригинален документ и оригинален превод на македонски јазик од овластен судски преведувач за секоја година.
  7. Извод од матичната книга на родените; - Оригинален документ и оригинален превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.
  8. Државјанство; оригинал и судски превод - Оригинален документ и оригинален превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.
  9. Копија од првата страница на пасошот;
  10. Сертификати за познавање на македонски јазик за А1 и А2 ниво/потврда за познавање на македонски јазик за студентите од Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хватска и Словенија. - Оригинален документ.
  11. Доказ за извршени уплати за пријавување на конкурс (300 или 500 денари во зависност дали факултетот спроведува тест за знаење и умеење и 50 денари административна такса)

Документите се поднесат Лично во Студенстка служба за интернационални студенти, Бул. Крсте Мисирков“ Бр.10-A P.O. Box 201, Штип (Зградата на Правен факултет).

По завршување на секој од Конкурсните рокови, се објавува листа на примени кандидати со архивските броеви.

Ако има поголем број на пријавени кандидати, рангирањето се врши според успехот од средното образование.

Документите мора да се достават најдоцна до последниот ден за пријавување согласно конкурсот.

Ќе бидат рангирани само кандидатите со комплетни документи.

*Роковите се во зависност од поплетите места. Ако на некоја програма се пополни квотата нема да има нареден рок.

 

 

 

3. ПОСЕБНИ УСЛОВИ

За некој од студиските програми постојат посебни услови за упис:

  • На студиската програма по Општа медицина, право има да конкурираат кандидати кои имаат минимум 80 поени од успехот во средното образование.
  • Тест за знаење и умеење се полага на: Филмска, Музичка и Ликовна Акедемија.

Музичка академија - За подетални информации испратете е-маил:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ликовна академија - За подетални информации испратете е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Филмска академија - За подетални информации испратете е-маил до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности

Факултет за образовни науки - проверка на психофизички способности се врши на следните студиски програми: Одделенска настава, Предучилишно воспитување и Педагогија. За подетални информации ќе бидете контактирани после пријавувањето во нашиот онлајн систем. Информации може да добиете и на е маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

4. УПИС НА ФАКУЛТЕТ

Откако ќе биде објавена листата на примени странски кандидати на прв циклус студии, студентите доставуваат во Студенстка служба за интернационални студенти, во Кампус 2 на Универзитетот во Штип:

  • Доказ за уплатена прва рата од школарината и дополнителни уплати (Прилог Упатсво за уплати).
  • 3 Фотографии со димензии: 35Х45 mm
  • Потврда за студентско здравствено осигуравање ( од било која осигурителна компанија) во траење од една година.

 

 5. ТРОШОЦИ ЗА УПИС НА ФАКУЛТЕТ

Школаранита за студиските програми на македонски јазик за странски студенти на сите факултети изнесува 1000 евра , во денарска противвредност, за една година.

Школарината на Факултетот за медицински науки изнесува 1500 евра, во денарска противвредност, за една година.

Школарината се може да се плати на четири еднакви рати и тоа во периодите:

1 рата при упис

2 рата до 15 декеври

3 рата до 15 февруари

4 рата до 15 мај.

Дополнително, секој студент при упис уплаќа 100 Евра, во денарска противвредност.

За пополнување на упатниците, конкретни информации може да добиете од Студентската служба: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

6. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Нострификација на диплома

Секој студент за да поднесе диплома мора да ја има нострифицирано Дипломата од завршеното средно образование. Нострификацијата се прави во Министерството за образоваие на Република Северна Македонја.

Апликацијата за нострификација се прави online лично. Откако ќе ги разгледаат документите од комисијата на МОН, кандидатите се покануваат на е mail, лично или преку овластено правно лице да ги донесат оригиналните документи на увид во Министерството за образование и наука во Скопје (Адреса: Булевар Св.Кирил и Методиј 54,  Скопје 1000).

Online апликацијата е на македонски, албански или англиски јазик. Линкот за аплицирање е на web сстраната на Министерството: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Потребните документи за аплицирање, се објавени на web страната на МОН:

https://mon.gov.mk/stored/document/Sredno%20obrazovanie%20potrebni%20dokumenti%20za%20nostrifikacija%20i%20ekvivalencija.pdf

Потребните документи за нострификација на дипломата од средно образование се:

  1. Оригинал диплома за завршено средно образование (заверена со апостил печат, односно печат одсоодветното министерство за надворешни работи за земјите кои не се членки на Хашката конвенција- од земјата каде е издадена дипломата); (На увид); -
  • Две фотокопии од оригинал дипломата (една копија заверена на нотар);
  • Два примероци од дипломата преведена од овластен судски преведувач во Република СевернаМакедонија (еден примерок заверен на нотар);
  1. Оригинал свидетелства за секоја завршена година во средно образование; (На увид);
  • Две фотокопии од секое оригинално свидетелство (од кои еден примерок заверен на нотар);
  • Два примерока од секое свидетелство преведено од овластен судски преведувач во РепубликаСеверна Македонија (од кои еден примерок заверен на нотар).
  1. Молба и изјава од родител/старател; (овие обрасци може да се симнат од интернет страната на МОН); (Молба: https://mon.gov.mk/stored/document/molba_sredno_mk.pdf и Изјава: https://mon.gov.mk/stored/document/Izjava-sredno-mk.pdf.
  2. Оригинал извод од матичната книга на родените; (На увид);
  • Две фотокопии од изводот од матичната книга на родените (од кои еден примерок заверен на нотар);
  • Два примероци од извод од матичната книга на родени преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија (од кои еден примерок заверен на нотар);
  1. Оригинал уверение за државјанство (На увид);
  • Две фотокопии од уверение за државјанство (од кои еден примерок заверен на нотар);
  • Два примероци од уверението за државјанство преведено од овластен судски преведувач во РепубликаСеверна Македонија (од кои еден примерок заверен на нотар).
  1. Доказ за уплатени средства за нострификација - Оригинал уплатница со уплатени 3000,00 денари за нострификација

Доказ за уплатени средства за административна такса: - оригинал уплатница со уплатени 250,00 денари.

 

 

Познавање на македонски јазик

За да ја следи наставата на секоја од програмите, кандидатите мора да го познаваат македонскиот јазик.

Секој студент на кој македонскиот јазик не му е мајчин јазик, треба да достави потврда или сертификат за А1 и А2 за познавање на македонски јазик. Подготвителната настава, проверката на знаењео како и сертификатит за А1 и А2 или потврдата за познавање на македонски јазик ја издава Центарот за јазици при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Кандидатите од Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хватска и Словенија, директно (без подготвителна настава), да се пријаваат за полагање на познавање на македонски јазик.

Термините за полагање на јазик ќе бидат објавени на web страната кога ќе биде објавен и конкурсот, заедно со начинот на пријавување, спроведување на испитот.

Студентите од сите останати земји, следат подготвителен курс во траење од два семестри, организиран од страна на Центарот за јазици при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Дополнителни информации може да побарате на е маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Регулирање на престој

Откако ќе се запише студентот му се издава потврда за редовен студент која му е потребна за да го регулира престојот. Исто така да се регулира престојот додека посетува курс по македонски јазик.

Потребни документи за регулирање на престој во МВР

  1. Решение за престој добиено од амбасада/конзулат на Република Северна Македонија (од државата од каде што лицето аплицирало)
  2. Договор за закуп на стан заверен кај нотар
  3. Фотокопија од пасошот заверен кај нотар
  4. Осигурување со важност од една година
  5. Потврда за редовен студент од факултет
  6. Фотокопија од банковна сметка
  7. Три уплатници со износи: 240 денари, 926 денари, 1240 денари.

За пополнување на упатниците, конкретни информации може да добиете од Студентската служба: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Премин од едни на други студии

Во текот на студиите, студентот може да премине од едни на други сродни студии на исто ниво внатре во рамките на единицата, на Универзитетот или од некој друг универзитет, под услови утврдени со студиската програма, со тоа што преминувањето од едни на други студии не е допуштено во прва година на студии.

Повеќе...

Подкатегории