Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

УПИСИ 2022/2023 Г.

Соопштение:

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (УГД) нема потпишано никакви договори со приватни фирми и физички лица за регрутирање студенти за учебната 2022/23 година. Универзитетот никогаш не овластил никого да го застапува и нема официјални овластени претставници на УГД или на кој било друг факултет.

Goce Delcev University - Stip (UGD) has not sign any contracts with private companies and individuals regarding the recruitment of students for the 2022/23 academic year. The university has never authorised anyone to represent it and there are no official authorised representatives of UGD or any other faculty.

  • Конкурс за прв циклус 2022-2023 - трет уписен рок

  • Рокови за пријавување, проверка на знаење и умеење и запишување

     

  • Информации за проверка на знаења и умеења

    Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења

    Музичка академија - проверка на знаења се врши за студиските програми: Оддел за Дипломиран музички теоретичар и музички педагог, Оддел за Дипломиран етнокореолог

    Оддел за Дипломиран музичар изведувач, Оддел за Дипломиран џез музичар.

    За подетални информации испратете е-маил продеканот проф. Ангеле Михајловски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Ликовна академија - проверка на знаења се врши за студиските програми Класично сликарство и Вајарство

    За подетални информации испратете е-маил до продеканката проф. Јана Јакимовска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Филмска академија - проверка на знаења се врши за студиската програма Современ танц.

    За подетални информации испратете е-маил до проф. Рисима Рисимкин на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности

    Факултет за образовни науки - проверка на психофизички способности се врши на следните студиски програми: Одделенска настава, Предучилишно воспитување и Педагогија

    За подетални информации ќе бидете контактирани после пријавувањето во нашиот онлајн систем. Информации може да добиете и од продеканката Даниела Коцева на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Информација за содржините за тестирање на знаење и умеење

    ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА Tестирањето се одвива во 3 дена, и тоа со следните содржини: Класично сликарство

    • Цртање портрет (4 часа)
    • Цртање акт (4 часа)
    • Сликање мртва природа со акварел (4 часа)

    Вајарство

    • Цртање портрет (4 часа)
    • Цртање акт (4 часа)
    • Вајање слободна форма (4 часа)

    МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА

    • За насоките Музичар изведувач (флејта, кларинет, труба, обоа, виолина), Пијано и Соло пеење, тестирањето ќе биде домашна видео снимка од страна на кандидатот и видео интервју по предметот Солфеж;
    • За насоката Теорија на музиката и музичка педагогија, по сите предмети (Хармонија, Солфеж и Пијано ќе има видео интервју со кандидатите;
    • За Џез одделот по предметите Инструмент и Солфеж ќе има видео интервју;
    • За насоката Етнокореологија по предметите Солфеж и етно Свирење/Пеење ќе има видео интервју со кандидатите;

    ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА

    • Аудициите за катедрата за Современ танц, за додипломски студии на англиски јазик, годинава се организирани on-line. Секој потенцијален кандидат треба да испрати биографија, писмо на намери (може да е вклучено во видеото) и видео материјал, во кој ја презентира својата техничка подготовеност во класичен и современ танц, како и дел со импровизација. Потоа следува on-line интервју со кандидатот.
  • Пријавување на кандидати - постапка и потребни документи

    1. Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:
      1. На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
        • 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
        • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
      2. На студиски програми на кои СЕ врши проверка на знаења и умеења:
        • 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
        • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)

    НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.

    1. По поднесувањето/креирањето на електронска апликација, кандидатот ги доставува физичките документи (оригинали) секој работен ден од 09 до 13 часот на наведените локации (документи не се испраќаат преку е-пошта). Притоа само кандидатите кои ќе достават физички документи (со цел проверка на внесените информации) ќе бидат рангирани. Документите е потребно да се достават НАЈДОЦНА заклучно со последниот ден од официјалните рокови за пријавување на кандидати (НАЈДОБРО ПОРАНО). Потребни документи се:
      1. Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис
      2. Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, меѓународна матура, без матура)

    *Свидетелствата и дипломата стекнати во странство треба да бидат нострифицирани.

    1. Извод од матичната книга на родените (не постар од 6 месеци);
    2. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
    3. Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)
    4. Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), овие уплатници се приложуваат заедно со останатите документи:
      • Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 100000000063095
      • Сметка на корисник 1600160330-788-18
      • Приходна шифра 723019
      • Програма 44
      • Образец ПП-50
    1. Кандидатите кои нема да бидат задоволни од прелиминарните резултати, имаат право за поднесување на ПРИГОВОРИ на наменската е-пошта, од нивната е-адреса со која се регистрирале на системот за пријавување, наведување на евидентниот број и причината за приговорот. Резултатите од поднесените приговори се објавуваат исто така на веб страната на УГД.
    2. Во соодветните рокови, ќе се генерираат конечни решенија за прием на кандидати, врз основа на кои примените кандидати е потребно да се запишат на Универзитетот.

    Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

    ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ СО ПРЕФРЛУВАЊЕ ОД ДРУГИ УНИВЕРЗИТЕТИ

    1. Кандидатите поднесуваат/креираат електронско барање за префрлување со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за поднесување на барањето за префрлување од друг Универзитет. Постапката е следна:
      1. Кандидатот ги уплатува потребните средства за поднесување на електронското барање за префрлување (50 денари за административна такса);
      2. Кандидатот ги пополнува основните податоци, и
      3. Кандидатот ги пополнува податоците за барањето/студирањето (од кој Универзитет/факултет доаѓа, на кој факултет/студиска програма/начин на студирање/плаќање бара да се префрли на УГД);
      4. Описно наведува што е барањето (доколку бара да се признаат одредени испити положени претходно, овде го наведува истото);
      5. Ги прикачува потребните документи (на пример, уверение со положени испити од претходната институција).
    2. По креирањето на електронското барање, кандидатот го следи неговиот статус и моментална инстанца на одлучување. Процесирањето на барањето завршува со промена на статусот на барањето во Одобрено или Одбиено.

    НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.

    Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

  • Доставување на документи

    • По пријавување во електронскиот систем, документите можете да ги доставите до најблиската локација, без разлика на коj факултет сте се пријавиле.
    • Доставување на документи може да се изврши во една од посочените локации по 10.08.2022 во периодот од 8:00 до 13:00 часот.
    • Документите мора да се достават најдоцна до последниот ден за пријавување согласно конкурсот.
  • Модул за електронско пријавување и запишување на кандидати на конкурсот и со префрлување од други Универзитети

  • Приговори од уписи

    • Адреса за поднесување на приговори: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
    • Образец за поднесување на приговор (се испраќа пополнет на наведената адреса): Образец
    • Рокови: Прв уписен рок: 1 септември / Втор уписен рок: 14 септември / Трет уписен рок: 26 септември.
  • Одлуки на поднесените приговори

  • Одлука за ослободување од партиципација

    Одлука за ослободување од партиципација (.pdf)

  • Преглед на резултати од рангирање

  • Запишување на примените кандидати - постапка и потребни документи

    1. Примените кандидати КОИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЕЛЕКТРОНСКИ и ги има на конечни решенија за прием: https://upisi.ugd.edu.mk, е потребно да се запишат електронски, преку модулот за пријавување и запишување: https://eupisi.ugd.edu.mk.
    2. Се пристапува на е-пријавата и се клика на Запиши се:

    1. Се плаќаат сите потребни средства за упис на УГД и прв семестар наведени во табелата: (на секоја приходна шифра се прави посебна уплата за секоја сума, со платежната картичка со која располагате, преку линкот еКомеција):

      ВАЖНО: ДОКОЛКУ УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ПРЕКУ Е-КОМЕРЦИЈА НЕ СЕ ВИДЛИВИ ВЕДНАШ, ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ (НЕ ПОВЕЌЕ ОД 60 МИНУТИ) ИСТИТЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ВО СИСТЕМОТ, ПО ШТО МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИТЕ ПОНАТАМУ СО ЗАПИШУВАЊЕТО

    2. ПОСЛЕ уплатата на СИТЕ потребни средства, се појавува опција за избор на изборни предмети (доколку има) во прв семестар и се клика на Запиши семестар:
    3. Системот генерира порака со информации за креираниот електронски индекс:

    ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА: Кандидатите кои при уписот не креираа електронска пријава, туку се пријавија само со физички документи, потребно е:

    1. Да ги реализираат потребните уплати за упис на УГД и прв семестар (ВИДИ УПЛАТИ), преку електронско банкарство или платен промет – банка/пошта;
    2. Скенови/копии/квалитетни фотографии (од мобилен уред) од реализираните уплати, во електронска форма да ги испратат на следната електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака дека се работи за уплати за запишан кандидат со ЕВИДЕНТЕН БРОЈ ИМЕ ПРЕЗИМЕ ФАКУЛТЕТ НАСОКА, како и ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ОД ПРВ СЕМЕСТАР респективно за кандидатот, и
    3. Ќе добијат повратна е-пошта со информации за креиран електронски индекс и запишан прв семестар.

    За сите новозапишани студенти ќе бидат објавени листи со кориснички имиња, формат на лозинки и насоки како да ги користат сите електронски платформи на УГД на кои по автоматизам ќе добијат пристап со самото запишување на Универзитетот.


    ВАЖНО ЗА СИТЕ НОВИ СТУДЕНТИ:   

    1. Од 5 најдоцна до 31 октомври 2022 година, секој новозапишан студент, на шалтерот на одделението за студентска архива е потребно:
      1. Да приложи потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150,00 денари за тековната година, и
      2. Да приложи Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5).

    Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

    Листа на студентски прашања по факултет/град:

  • Најава на електронските ресурси на УГД за студентите запишани во прва година во учебна 2022/2023 г.

    Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебна 2020/2021 година се прикажани на следната ЛИСТА. Листата континуирано ќе се ажурира, во согласност со уписните рокови и обработката на податоците од страна на Универзитетот.

    За сите студенти од листата се генерирани броеви на индекси и се креирани кориснички профили за следните ресурси:

    Е-индекс

    Е-учење;

    Е-пошта.

    При најава на сите горенаведени електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка во следниот формат:

    - Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)

    - Иницијална лозинка: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.

    Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.

    Листа со бр. на индекси

Постави прашање:
УГД

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Локации за доставување на физички документи за пријавување

  • Штип: Книжара Факултет за Образовни науки (9-13 часот)

  • Струмица, Наставен центар на УГД, ул. „Гоце Делчев“ бб; (студентски прашања, 9-13 часот)

  • Скопје, Наставен центар на УГД, бул. „Александар Македонски“ 24; (студентски прашања, 9-13 часот)

  • Кавадарци, Наставен центар на УГД, ул. „Шишка“ бр. 25; (студентски прашања, 9-13 часот)

  • Гевгелија, Наставен центар на УГД, ул. „7 ноември“ бб. (студентски прашања, 9-13 часот)