Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Студиската година се организира во два семестра: зимски и летен.

Наставата во зимскиот семестар започнува во третиот понеделник од септември и трае 19 недели при што: 12 недели студентите посетуваат континуирана настава, плус 7 недели за самостојна подготовка и полагање (колоквиуми и завршни испити).

Заверувањето на зимскиот и запишувањето на летниот семестар (и зимскиот одмор) траат две недели.  Наставата во летниот семестар започнува во третиот понеделник од февруари и трае 19 недели при што: 12 недели студентите посетуваат континуирана настава, плус 7 недели за самостојна подготовка и полагање (колоквиуми и завршни испити).

Студентот чие образование го финансира државата може истата студиска година да ја повтори само еднаш. Ако во наредната академска година не го стекне правото за запишување на повисока година на студии, го губи статусот на студент чие образование го финансира државата, но има право повторно да ја запише истата година со статус на студент кој самостојно ги поднесува трошоците на студирање.

Студентите чие образование го финансира државата, го задржуваат статусот (студент чие образование го финансира државата) најдолго за времето кое е за два пати подолго од пропишаното времетраење на студиите, односно до крајот на академската година во кој тој рок истекува. Со истекот на тој рок студентот ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање).

Студентот чие образование го финансира државата може истата студиска година да ја повторува само еднаш. Ако во наредната академска година не го стекне правото за запишување на повисока година на студии, го губи статусот на студент чие образование го финансира државата, но има право повторно да ја запише истата година во статус на студент кој самостојно ги поднесува трошоците на студирање.

Студентите кои се: без родители, слепи, глуви, инвалиди од прва и втора група, мајки со деца до шестгодишна возраст и хоспитализирани имаат право на полагање на испити во дополнителни испитни рокови, најмалку двапати во текот на годината.

Студентите ги пријавуваат предметите кои сакаат да ги слушаат и да ги полагаат во следната студиска година, три недели пред почетокот на наставата во зимскиот семестар, а за првата студиска година по запишувањето на семестарот и поднесувањето на семестрален лист. Изборот на предметите студентите го вршат до 30 ЕКТС студиски кредити оптоварување за семестар, и 60 ЕКТС студиски кредити за академската година.

Услов за полагање на завршен испит е студентот да освоил кумулативно минимум 42 поени вкупно од предиспитните активности.  Доколку студентот не освои кумулативно 42 поени од сите предиспитни активности го презапишува предметот наредната година повторно, без признавање на старите предиспитни активности.  Доколку студентот освои кумулативно 42 поени од сите предиспитни активности, не го презапишува предметот наредната година, и му се признаваат старите предиспитни активности.