Статус на студент и режим на студирање
Статусот студент се стекнува со запишување на Универзитетот.
Запишувањето на универзитетот се врши врз основа на јавен конкурс што го објавува универзитетот. Студентите може да се запишат на Универзитетот како редовни во државна квота, со кофинансирање или како вонредни студенти, согласно условите предвидени во конкурсот. Универзитетот го запишува студентот како вонреден студент врз основа на доставена изјава, во која студентот треба да ја наведе причината поради која бара да се запише со статус на вонреден студент. Основана причина да се стекне статус на вонреден студент на Универзитетот се смета: заснован работен однос, склучен договор за професионален спортски или културен ангажман, инвалидитет што го оневозможува студентот да посетува наставата, потешка долготрајна болест, статус на родител на дете што е на породилното отсуство. Вонредни студенти се запишуваат според истите услови и критериуми како и редовните студенти, а се рангираат на посебна ранг-листа.
Статусот на студент создава права и обврски за студентот, кои што се уредуваат со договорот за уредување на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно образовниот процес, склучен помеѓу универзитетот и студентот како договорни страни:
1) договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес за редовни студенти во државна квота;
2) договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес за редовни студенти со кофинансирање;
3) договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес за вонредни студенти).
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.