Како да аплицирам?
Како да аплицирам?
Универзитет „Гоце Делчев“ секоја година објавува конкурс за упис на нови студенти на еден од 15те факултети кои ги интегрира Универзитетот.
Конкурсите за прв, втор, односно трет циклус студии на Универзитет „Гоце Делчев“ се објавуваат кон крајот на академската година и ги содржат сите потребни информации поврзани со уписите за следната академска година. Вообичаено, датумите за уписи се поделени во три уписни рокови, од кои првиот е кон средината на месец август, а вториот и третиот се во текот на месец септември.
Откако внимателно ќе го разгледате конкурсот за упис и ќе одлучите кој е факултетот на кој сакате да студирате, следните чекори се едноставни и целосно дигитализирани. Новите технолошки достигнувања на Универзитетот вклучуват целосно електронско рангирање на пријавените кандидати, така што студентите по само неколку часа можат да го проверат својот ранг во однос на останатите кандидати, а по само неколку дена, исто така по електронски пат, дознаваат дали се здобиле со право на академска титула.
Студентите кои се примени на еден од факултетите, по само неколку недели се запишуваат на матичниот факултет, по што добиваат електронски картички и валиден индекс, документи кои ќе им бидат главна идентификација во следните три, односно четири години на студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
УПИСИ 1 ЦИКЛУС 2023/24 г.
УПИСИ 2 и 3 циклус 2023/24 г.