Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Генерален секретар

М-р Ристо Костуранов

Генералниот секретар се грижи за правилна примена на законите, колективните и другите договори, како и на другите општи акти на Универзитетот. Во негов домен спаѓа организација и координација на работните задачи во Секретаријатот на Универзитетот, на секретарите избрани од наставно-научните совети на единиците на Универзитетот и на техничките секретари на единиците на Универзитетот. 

Правно го застапува Универзитетот во судските и управните постапки, одговара за работата во рамките на своите овластувања и врши и други работи што ќе му ги довери ректорот на Универзитетот.

 

Контакт:

 Кристина Ѓоргиевска         

  Телефон: +389 32 550 003

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  Факс: +389 32 390 700

Проректори

Проректор за настава

Основните задачи и должности на проректорот за настава се во делот на организирање на наставата на Универзитетот. Во потесна смисла овде спаѓаат прашањата кои се однесуваат на дефинирање на условите и критериумите за студирање во прв циклус студии, обезбедување на ефикасност и квалитет на студиите како и правилно спроведување на Болоњскиот процес на студирање. Проректорот за настава исто така е одговорен и за зголемување на мобилноста на студентите и наставниците, како и за одржување на студентскиот стандард.

Тој ја координира и усогласува високообразовната и научноистражувачката дејност на Универзитетот и го раководи процесот на акредитацијата на студиските програми за прв циклус студии се со цел да обезбеди квалитетни студиски програми, чија цел ќе биде продукција на кадар со квалификации кои соодветствуваат на актуелните потреби на пазарот на труд.


Проректор за наука

Ректор

Ректорот е раководен орган на Универзитетот. Ректорот го претставува и го застапува Универзитетот во земјава и во странство, ја води меѓународната соработка на универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјава и во странство.

Ректорот ја предлага внатрешната организација на Универзитетот, управува со имотот на Универзитетот и се грижи за неговото одржување.

Ректорот во рамките на раководењето со Универзитетот ја усогласува високообразовната, уметничката, научноистражувачката и применувачката дејност на Универзитетот.

Ректорот ги свикува седниците на Сенатот и Ректорската управа и претседава со нив. Промовира доктори на науки, доделува награди на Универзитетот.

Ректорот е должен најмалку еднаш во годината до Сенатот и основачот да поднесува извештај за својата работа и за работата на Универзитетот. Ректорот е одговорен за законитоста и статутарноста на работата на Универзитетот и на единиците во неговиот состав.

Контакт:

Ректор: Проф. д-р Дејан Мираковски              ​Телефон: +389 32 550 002    

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.    Факс: +389 32 390 700