Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Меѓународна научна конференција “ЕУ еЗдравствено право и јавно здравје“

Понеделник 26 септември - петок 30 септември 2022 година | Охрид

Во периодот од 26-30 Септември во Охрид, ќе се одржи мултидисциплинарна меѓународна научна конференција “ЕУ еЗдравствено право и јавно здравје“. На конференцијата  учество ќе земат истакнати професори, експерти и професионалци од областа на ЕУ здравствено право и политики,  ЕУ еЗдравственото право, Биоетиката, Информациската и комуникациска технологија во медицината, и примената на телемедицина и е-здравствените услуги. Овој настан е дел од проектните активности на Жан Моне Проектот: ЕУ еЗдравствено право и Северна Македонија: од тековна пракса до имплементација. Овој настан е прв од ваков тип на национално ниво, а ќе биде во целосна организација на  Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. За повеќе информации можете да погледнете на следниот линк: https://euehl.ugd.edu.mk/index.php/en/conference/agenda.